Димитрич (, Димитрици) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Било населено со македонско мнозинство и турско малцинство. Дел од Македонците биле погрчени, поради што во некои извори ги претставуваат како Грци.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле околу 12 км северозападно од Нигрита и на 20 км југозападно од Сер.

Историја Средновековие Во 1185 г. се одиграла Битката кај Димитрич во која војската на византискиот протосеваст Алексиј Врана ја поразила норманската војска на Вилхелм II Сицилиски која настапувала на исток по Пљачката на Солун.

Во Отоманското Царство Во XIX век и почетокот на XX век Димитрич било село во Серската Каза.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Димитрич (Dimitritch) има 45 домаќинства сочинети од и 100 жители Македонци и 40 муслимани. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал опис на Димитрич, погрешно сметајќи ги жителите за Грци:

Во 1891 г. Георги Стрезов исто така го опишал селото, нарекувајќи ги погрчените Македонци „Грци“:

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 200 Македонци христијани, 150 Турци и 350 „Грци“.

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Димитрич (Dimitritch) живееле 480 Македонци и во селото работело грчко училиште со 2 учители и 31 ученик.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година во него се попишани 570 жители кои во 1920 г. нараснале на 663 лица. Во 1923 г. турското малцинство е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на нивно место власта довела грчки колонисти од околината на Смирна и на паланката Кувуклија (денес Ѓорукле), сместена на 15 км западно од Бурса. Во 1928 г. Димитрич е претставен како мешано мештанско-дојденско село со вкупно 1.070 жители, од кои 149 лица (31 семејство) биле дојденци.

+ Месности во Димитрич преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Папаска Παπάσκα Пападија Παπαδιάмесност на ССЗ од Димитрич и на И од Макеш Месечик Μισιτσίκι Фенгари Φεγγάριмесност на Ј од Димитрич Кисланджи Κισλάντσι Ливадија Λιβάδιαмесност на З од Димитрич Јурук Кари Γιουρούκ Καρί Климата Κλήματαмесност на З од Димитрич Гургур Γκουργκούρι Мугрисма Μούγκρισμαмесност на СИ од Димитрич

Население

Општествени установи Црква „Св. Димитриј“

Личности мини|180п|Георги Моаџирчето, јануари 1905 г. Георги Моаџирчето (1885 – 1906) — револуционер, деец на ВМОРО Андон Нушкалијата (Андониос Нускалис) — четник во андартска чета Апостол Попкостов (Апостолос Папакостас) (? – 1913) — првенец на Димитрич и јатак на андартска чета Георги Гурмев (Георгиос Гурмис) — четник во андартска чета Костадин Кузобабов (Констадинос Куцјабабас) — агент од II класа на андартска чета Паскал Мерџански (Пасхалис Меряклис) — агент од III класа на андартска чета Христодул Ангелов (Христодулос Ангелопулос) — агент од II класа андартска чета

Наводи

Категорија:Визалтија