Content Warning (буквално: Страшна содржина) — групна игра на ужасите за преживување од 2024 г., објавена од Landfall Publishing. Била објавена на 1 април 2024 г. како дел од традицијата на Landfall да издава игра на Денот на шегата.

Играчки процес Играта Content Warning има сличности со Lethal Company и Phasmophobia. Четворица играчи започнуваат на спокоен остров и користат кесон за да се спуштат во местото познато како „Стариот Свет“, зона обвиткана во вечна темнина со напуштено гратче. Целта на играчите е да користат видеокамера за да снимаат „страшни содржини“, како што се артефакти или опасни чудовишта, додека ги истражуваат урнатините. Снабдувањето со кислород на играчите и лентата на камерата се ограничени, а барем еден од играчите мора да преживее и да се врати на површината со камерата за да може видеозаписот да се постави на SpöökTube. Видеозаписите се бодуваат со гледачи, а бројот на гледачи одредува и колку пари ќе заработат. Доколку играчите ја исполнат квотата на гледачи во рок од три дена, им се дава нова квота и можат да ја продолжат својата кариера како создавачи на содржина; ако не, тие губат и мораат да започнат отпочеток. Можат да ги искористат парите за да купат алатки за побезбедно истражување и подобри кадри.

Развој Играта била пуштена на 1 април 2024 г. и била бесплатна првиот ден. Во рок од дванаесет часа, 50 илјади луѓе ја играле во исто време на Steam. Помалку од еден ден по пуштањето, над 200 илјади луѓе играле истовремено. За време на пуштањето, околу 6,2 милиони корисници на Steam ја добиле играта. До средината на април 2024 г., Landfall рекол дека продале над еден милион примероци по бесплатниот период.

Наводи

Надворешни врски

Официјалниот трејлер на Јутуб

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Видеоигри Категорија:Игри Категорија:Игри за Windows