"Od čega sam ja" () е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е напишана и продуцирана од Иван Хуљиќ додека аранжманот бил финализиран заедно со Лео Шкаров и Дарко Димитров. Песната ја имала својата премиера заедно со музичко видео во режија на Милош Шаровиќ на 22 март 2024 кога била издадена како сингл. "Od čega sam ja" е балада во којашто се пее за силината на женскиот протагонисг, нешто од што и самата таа е изненадена.

Заднина На 22 март 2024, Розга го издава синглот "Od čega sam ja", напишан и во продукција од Иван Хуљиќ додека аранжманот вил завршен од него и Лео Шкаро и Дарко Димитров. Во својот текст, песната ги опева силните страни на повреденс жена која самата се чуди на тоа дека може да ги пречекори пречките кои што се појавувцаат на нејзиниот пат. Песната е првата до побрз ритам во списокот на неколку сингла кои се издадени пред него.

Розга првпат кратко им ја претставила песната на нејзините обожаватели на 19 март заедно со кратка снимка од нејзиното музичко видео преку сопствениот профил на Инстаграм. Во описот на видеото, таа го споделила текстот од песната кој гласи "Sve puca, a ja cijela ostala" (). По излегувањето на извадокот, песната добила бројни позитивни коментари на платформата од страна на нејзините обожаватели. Потоа, Розга изјавила дека песната ќе биде издадена на 22 март заедно со уште неколку извадоци.

Покрај издавањето, Розга го објавила следниот текст кога се однесува за концепцијата на песната: "Секогаш е добро да работиш со нелого, кој, некој може да рече дека те познаваат во душата и кој знае колку е битно да останеш верен на себеси. Уживав во целиот процес на правењето на оваа песна, од првите снимени мелодии до крајот на снимањето на музичкото видео, на што гледам како на вистински визуелен десерт и не можам да ги дочекам реакциите на моите обожаватели".

Музичко видео Музичко видео за песната премиерно излегло на 22 март 2024, во режија на Милош Шаровиќ. NN media служела како продукциска компанија предводена од продуцентот Александар Пејчиќ.

Видеото прикажува уметнички снимки од Розга како ја пее песната во камерара, вклучувајќи ги и тие пред светло во темна маглива соба, опкрижена од танчери, како пее во простор во којшто е опколена од црвени ливчиња на цветови и како ја пее песната додека држи новина со насловот "Od čega sam" ("од што сум") додека гори. Во други сцени, може да се види како лежи на подот заедно со нејзините женски танчерки и како тие држат цвеќиња во рацете. Во повеќето сцени, та е облечена во црно со црна шапка на главата. Гол машки модел може да биде виден во клипот, а Розга му се приближува во некои сцени. Кон мостот и последниот рефрен на песната, Розга пее додека е целосно опколена од оган. Од април 2024, видеото има повеќе од 650.000 прегледи на платформата за прикачување и гледање видеа, Јутјуб.

Табели За табелата од крајот на неделата датирана 25 март 2024, „Od čega sam ja“ дебитира на 9-то место на хрватската HR Top 40 табела, којашто исто така претставувало највисок нов влез за таа недела. Наредните две недели, песната се поместила на десеттото место на табелата.

+Настап на табели за „Od čega sam ja“ Табела (2024) Највисокапозиција Хрватска (HR Top 40) 9

Кредити Кредитите за "Od čega sam ja" се преземени од официјалниот опис на музичкото видео на Јутјуб.

Кредити на песната Музика: Иван Хуљиќ Текс: Иван Хуљиќ Музички аранжман: Лео Шкаро, Дарко Димитров, Иван Хуљиќ Микс: Лео Шкаро Мастеринг: Горан Мартинац

Видео кредити Режисер: Милош Шаровиќ DOP: Немања Новаковиќ Продуцент: Александар Пејчиќ Продукција: NN media Организатор: Софија Петковиќ Прв AD: Рале Обренов Уредник: Марија Шарац Vfx: Андрија Гркиќ Сценографија: Орјен Џуриќ Поправка на боја: Никола Маринковиќ Focus puller: Миодраг Тодоровиќ Гафер: Милош Вученовиќ Grips: Иван Лековиќ Гарац Кореографер: Јелена Булатовиќ Танчерки: Јелена Булатовиќ, Тамара Пјевиќ, Андреа Добриќ, Наталија Џикановиќ Модел: Марко Краљевиќ Стилист (Јелена Розга): Милош Окс MUA (Јелена Розга): Саша Јоковиќ MUA (модели): Ирена Милетиќ Фризер (Јелена Розга): Маја Станишиќ Фризер (модели): Маја Станишиќ

Наводи

Категорија:Хрватски песни