Геди (Еди или Једи) Дермен (, Ептамили; до 1927 г. Γενή Δερμέν, Гени Дермен) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот Округ, Грција. Населението брои 705 жители (2021).
Географија и местоположба Селото се наоѓа во Серското Поле, источно од градот Сер, на надморска височина од 55 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Геди Дермен бил чифлик во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Једи Дирмен (Yédi-Dirmen) имало 10 домаќинства и 30 жители Роми.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Једи Дермен имало 72 Роми.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година Геди Дермен се водело како напуштена населба, но во 1920 г. броело 155 лица, што значи дека веднаш по Првата светска војна било обновено и во него биле сместени доселенички ссмејства од Понд.
Во 1923-24 г. се населиле уште 55 бегалски семејства (вкупно 243 бегалци). Во 1927 година, името на селото било променето во Ептамили (Επτάμυλοι).
Стопанство Населението произведува тутун, компир, жито и други земјоделски производи. Во помала мера е застапено и сточарството.
Население
Самоуправа и политика Во 1930 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 5,5 квадратни километри. Општината Геди Дермен била приклучена во општината Сер во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.
Селото припаѓа на општинската единица Сер со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Сер, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Геди Дермен, во кој е единствено село.
Културни и природни знаменитости Цркви
Црква „Св. Ѓорѓи“ — изградена во 1925 г. од грчките доселеници
Наводи
Забелешки
Категорија:Сер (општина)