Хазнатар (, Хрисохорафа; до 1926 г. Χαζνατάρ, Хазнатар) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци и нешто Роми.
Географија Селото се наоѓа во Серкото Поле северозападно од град Сер и западно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро.
Историја Во Отоманскосто Царство Во XIX век Хазнатар бил мал чифлик во Серската Каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хазнатар (Haznatar) било село со 15 домаќинства сочинети од 46 Македонци. Во селото работела грчката пропаганда.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. селото брои 560 жители, од кои 500 Македонци христијани и 60 Роми.
По Илинденското востание на почетокот на 1904 г. целото село прешло под врховенството на Бугарската егзархија и во него работела бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. христијанското население на Хазнатар се состоело од 280 жители Македонци, сите под Егзархијата. Во селото работело бугарско основно училиште.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото имало 306 жители. По Првата светска војна голем дел од населението се иселил во Пиринска Македонија — претежно во Петрич и околината. Хазнатар отсуствува од пописот во 1920 г. веројатно бидејќи тогаш бил напуштен Во 1920-тите во селото се доселени Гагаузи од Источна Тракија.Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 423, 426. На пописот од 1928 г. Хазнатар се води со 606 жители, од кои 571 лице (145 семејства) биле доселеници, а остатокот мештани.
Во 1926 г. селото е преименувано во Хрисохорафа. Во 1935 г. по извршените мелиорации во Хазнатар биле сместени уште колонистички семејства, како и жителите на македонското село Али Паша
Во 1950-тите еден дел од жителите се иселиле во САД. Поголемиот дел од нив се сместиле во предградие на Бостон и одржувале врски со Хазнатар.Булгар, Степан С. Гагаузы в Греции, - в: Гагаузы в мире и мир гагаузов, Том I, Гагаузы в мире, Комрат-Кишинёв, 2012, с. 426.
+ Месности во Хазнатар преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Али паша Άλή Πασά Тригонометрико Τριγωνομετρικόвозвишение на И од Хазнатар (31,8 м) Али-паша Орман Άλή Πασά Όρμάν Амудиес Αμμουδιέςмесност на З од Хазнатар, на брегот на Бутковското Езеро
Население
Личности Георги Хазнатарски (Гогата Хазнатарски) (1877-1941) — револуционер, војвода на ВМРО Мите Казаков — револуционер, деец на ВМОРО, починал по 1918 г. Преподобна Стојна (1883 – 1933) — јасновитка
Наводи
Категорија:Долна Џумаја