Ерниќој (, Пондисмено; до 1927 г. Ερνή Κιόι, Ерни Ќој) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот Округ, Грција. Населението било етнички мешано.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, северозападно од градот Сер северно од Долна Џумаја. Лежи близу источниот брег на Бутковското Езеро. Денес е споено со Спатово.
Историја Во Отоманското Царство Во XIX век Ерниќој било село во Серската Каза на Серскиот Санџак.
Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Ерниќој (Erni-keuï) имало 157 домаќинства сочинети од 130 жители муслимани и 350 жители Македонци.
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал дека старото македонско име на Ирни ќој било „Еднокуќово“ и дека ова село произведувало најдобра пченица и лозја. Вели дека имало 40 македонски, 40 турски, 15 черкески и 150 ромски куќи.Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век селото имало 675 жители, од кои 300 Македонци, 120 Турци, 75 Черкези и 180 Роми.
Сите христијани во селото биле под врховенството на Цариградската патријаршија и меѓу нив правела обиди грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ерниќој (Erni-Keuy) имало 400 Македонци под Патријаршијата и 600 Роми, и во него работело грчко основно училиште.
Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 1.095 жители. Веројатно Ерниќој настрадал во Првата светска војна, бидејќи во 1920 г. во него е заведен само 631 жител. Муслиманското население било иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1927 г. селото е преименувано во Пондисмено. На пописот од 1928 г. селото било македонско-дојденско со 1.001 жител, од кои 188 биле грчки дојденци (44 семејства). Остатокот биле македонски мештани и семејства доселени од други села.
+ Месности во Ерниќој преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Балџи Μπαλτζί Мелисија Μελίσσια месност С од Ерниќој
Население
Наводи
Категорија:Долна Џумаја