Марија Бергам (Котор, 5 април 1991 година) е српска театарска, телевизиска и филмска глумица.
Биографија Родена во Котор, Марија е по потекло од блискиот Столив. Нејзината прва телевизиска улога била во филмот „Стапица“ од 2007 година, каде што ја играла улогата на малолетната ќерката на локалниот тајкун, Алиса. По завршувањето на третата година од средно училиште, се запишала на Факултетот за драмски уметности во Белград. Како студентка на глума во трета година, била наградена од фондот Дара Чалениќ за најдобра глумица во претставата Работниците умираат пеејќи во Стериино позорје во 2012 година. Во меѓувреме, таа работела и на филмот Никаде, кој премиерно бил прикажан по повеќе од пет години, на 26 август 2017 година. Во текот на 2013 година, таа се појавила во продукциите Каде е Наџа? и Фалсификаторот. Истата година дипломирала во класата на професорката Билјана Машиќ. Со неа учеле Ива Стефановиќ, Милан Мариќ, Милена Живановиќ, Немања Стаматовиќ, Соња Ковачевиќ, Иван Заблаќански, Ваја Дујовиќ, Матија Живковиќ и Марија Стокиќ. Таа играла и во третата сезона на серијата Будва на пена од морето.
По породилната пауза, Марија го поминала кастингот за улога во серијата Сенки над Балканот на Драган Бјелогрлиќ. Таа не ја добила улогата веднаш, но по два месеци и бил доделен главниот женски лик во тој проект. Серијата изобилува со еротски сцени, во кои Маја Давидовиќ, кој е нејзиниот лик во серијата, се појавува целосно гола. Нејзиниот партнер, обвинителот Војин Ѓукиќ, во првата сезона од серијата го толкуваше Милош Тимотијевиќ. Сцените предизвикале поделени мислења во јавноста, а и самата глумица признала одредена непријатност за време на снимањето, но и нагласила дека тоа го смета за составен дел од нејзината професија. Во април 2018 година , Марија со екипата на серијата Воена академија, почнала да ја снима 4та. сезона, каде за прв пат во кариерата се појавила на сет заедно со својот сопруг.
Покрај телевизиските улоги, Марија играла и во неколку театри. На Факултетот за драмски уметности во Белград започнала да работи како стручен соработник по предметот глума.
Од бракот со Радивоје Буквиќ го има синот Данило. Нејзиното семејство од страната на нејзиниот татко се католици, а од страната на нејзината мајка се православни. Таа во вториот брак ја родила ќерката Олга.
Награди и признанија
Награда од фондот Дара Чалениќ за најдобра млада глумица во претставата Работниците умираат пеејќи на 57. Стериино позорје, 012 година.
Наводи
Надворешни врски
Марија Бергам Театрослов на веб-страницата на Музејот на театарска уметност Марија Бергам на веб-страницата на Југословенскиот драмски театар Марија Бергам на веб-страницата на Народниот театар од Сомбор Марија Бергам на веб-страницата на Фестивалот на актерски достигнувања „Филмски средби“ Марија Бергам Марија Бергам на веб-страницата Pozorista.com Марија Бергам на веб-страницата Tickets.rs Марија Бергам на веб-страницата Biografija.org
Категорија:Српски глумци Категорија:Црногорски Срби Категорија:Родени во 1991 година