The Cars ― американска рок-група основана во Бостон во 1976 година. Членови на групата биле: Рик Окасек (ритам-гитара), Бенџамин Ор (бас-гитара), Елиот Истон (главна гитара), Грег Хокс (клавијатури) и Дејвид Робинсон (тапани). Окасек и Ор ја споделувале улогата на главен вокал, а Окасек бил главен текстописец и водач на групата.
The Cars биле прогласени за најдобар нов изведувач во 1978 година според гласовите на читателите на Rolling Stone. Нивниот прв албум, The Cars, бил продаден во шест милиони примероци и 139 недели се задржал на топ-листата за албуми Billboard 200. The Cars имале четири Топ-10 хитови: „Shake It Up“ (1981), „You Might Think“ (1984), „Drive“ (1984) и „Tonight She Comes“ (1985). Групата ја освоила наградата за видео на годината за „You Might Think“ на првите МТВ Видео Музички Награди во 1984 година.
The Cars се распаднале во 1988 година."Life after The Cars" The Cincinnati Post October 11, 1997: 16A Ор починал во 2000 година од рак на панкреас. Во 2007 година, Истон и Хокс му се придружиле на Тод Рандгрен и со други музичари ја основале групата The New Cars. Преживеаните оригинални членови од The Cars повторно се обединиле во 2010 година и го снимиле седмиот и последен албум на групата, Move Like This, кој бил издаден во мај 2011 година. По кратка турнеја за поддршка на Move Like This, бендот повторно заминал на пауза. Во април 2018 година, The Cars биле примени во Куќата на славните на рокенролот и повторно се обединиле за да настапат на церемонијата за воведување во куќата. Тоа бил последен настап на групата со Окасек, кој починал на 15 септември 2019 година од кардиоваскуларни болести.
Членови на групата
Рик Окасек – водечки и придружен вокал, ритам-гитара, клавијатури Елиот Истон – главна гитара, придружен вокал Бенџамин Ор – водечки и придружен вокал, бас-гитара, клавијатури Грег Хокс – клавијатури, гитари, придружни вокали , саксофон , бас Дејвид Робинсон – тапани, удирачки инструменти, придружни вокали , клавијатури
Дискографија
The Cars (1978) Candy-O (1979) Panorama (1980) Shake It Up (1981) Heartbeat City (1984) Door to Door (1987) Move Like This (2011)
Наводи
Надворешни врски
[ AllMusic biography]
Категорија:Новобранови групи Категорија:Американски рок-групи Категорија:Музички групи од Масачусетс Категорија:Музички групи основани во 1976 година Категорија:Музички групи распаднати во 1988 Категорија:Музички групи од Бостон