Муклен (познато како М'клен и Моклен; , Мухлијани) — поранешно село во Серско, Егејска Македонија, на територијата на денешната Довишта на Серскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на 20 км североисточно од градот Сер, високо на планината Сминица, на надморска височина од 1.000 м.
Историја
Во Отоманското Царство Во XIX век Муклен бил македонско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Меклен (Meklen) имало 20 домаќинства и 65 жители Македонци. Поради отсуство на обработливо земјиште, жителите на селото купиле земјиште во кај полското село Сармусакли.
Во пролетта 1883 година селото е нападнато од ајдучкиот војвода Кочо Кукулич од с. Рамна, Валовишко. Тој бил ранет и подоцна починал во битката.„Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893“. София, 1969, стр.592.
Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 65 македонски домаќинства.
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Муклен имало 250 жители, сите Македонци. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Муклен имало 480 Македонци под врховенство на егзархијата и во селото работело бугарско училиште.
Во 1909 г. егзархискиот инспектор на Солунската епархија Константин Георгиев вели дека во селото имало 54 куќи со црква и училиште, во кое главниот учител бил Д. Божиков. Во училиштето имало 17 ученици, од кои 12 машки и 5 женски.Галчев, Илия. „Българската просвета в Солунския вилает“, УИ, София, 2005, стр. 139.
Во Првата балканска војна, 5 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.
Во Грција Во Првата балканска војна Муклен е окупиран од Бугарија, но по Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи селото настрадало во Втората балканска војна кога населението побегнало во Пиринска Македонија (во градовите Свети Врач и Неврокоп), во пописот од 1913 г. Муклен се води како напуштена населба. Селото не било обновено по крајот на војните, поради што е избришано од евиденција.
Од селото денес останала само црквата „Св. Троица“, дело на мијачкиот мајстор Китан Петров.
Личности Родени во Муклен
Аврам Гецов (1889 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, II чета на V Одринска дружина Атанас Василев (1870 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, Нестороева чета на X Прилепска дружина Георги Фотев — револуционер на ВМРО Константин Христов (1877 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, четник на Крум Пчелински Костадин Христов (1887 - ?) — борец во Македонско-одринските доброволни чети, I на XIII Кукушка дружина Никола Андреев — борец во Македонско-одринските доброволни чети, Нестороева чета на XIII Кукушка дружина
Починати во Муклен
Кочо Кукулич (? - 1883) — ајдутин
Наводи
Категорија:Историски села во Довишта