Левотироксин, исто така познат како -тироксин, е синтетска форма на тироидниот хормин тироксин (T4). Се користи во третманот на хипотироидизам, вклучително и на потешка форма позната како микседематозна кома. Може да се користи и во третманот на одредени типови на тироидни тумори. Не е индициран за намалување на телесната тежина. Левотироксинот се зема преку уста или интравенски. Левотироксинот има полуживот од 7.5 денови кога се зема секојдневно, што значи дека се потребни околу шест недели за да се постигне рамнотежна концентрација во крвта.

Несаканите ефекти од прекумерна доза вклучуваат намалување на телесната тежина, проблеми со толерирање на топлина, потење, анксиозност, проблеми со спиењето, тремор и тахикардија. Не се препорачува кај луѓе кои имале скорешен миокарден инфаркт. Употребата за време на бременоста е безбедна. Дозирањето се определува преку редовно мерење на нивото на тиреостимулирачкиот хормин (TSH) и T4 во крвта. Повеќето од ефектите на левотироксинот се јавуваат после неговата конверзија на тријодотиронин (T3).

Левотироксинот за прв пат бил синтетизиран во 1927 година. Се наоѓа на Списокот на есенцијални лекови на СЗО. Левотироксинот е достапен како генерички лек. Во 2025, е деветнаесетти најчесто пропишуван лек во Македонија, со повеќе од 409.000 рецепти.

Наводи

Категорија:Лекови Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација