Мазда (јапонски: マツダ株式会社|) — јапонско мултинационално претпријатие за производство на моторни возила, со седиште во Фунчу, Хирошима."Offices ." Mazda. Retrieved on October 29, 2009. Претпријатието е основано на 30 јануари 1920 година од Џуџиро Мацуда, под името Тојо Корк Коџо, за се занимавало со производство на тапи. Во 1927 година го променило името во Тојо Коџо, а четири години подоцна започнало да произведува автомобили. Името „мазда“ е изведено од Ахура Мазда, богот на хармонијата, интелигенцијата и мудроста во зороастризмот, како и од презимето на основачот. Мазда е еден од најголемите автопроизводители во светот. Во 2015 година, производството изнесувало 1,5 милиони возила од кои речиси еден милион биле произведени во Јапонија, а останатите во другите земји. Истата година, Мазда се наоѓала на 15. место во светот според бројот на произведените автомобили. Таа е позната и по учеството во автомобилските трки при што во 1991 година нејзиниот модел Мазда 787В победил на познатат трка 24 часа Ле Ман. Инаку, Мазда е вклучена во неколку соработки и алијанси со други автопроизводитлеи, како: Тојота, Нисан, Исузу, Сузуки и Форд. мини|Логото на Мазда Галерија
Наводи
Категорија:Мултинационални претпријатија Категорија:Јапонски автопроизводители Категорија:Автомобилски претпријатија од Јапонија