Морена, вистинско име Маргерита Камилери Фенеч (родена 1984) е пејачка од Саннат, Гозо, Малта.
Морена на Евровизија Во 2006 година, Морена учествуваше во „Malta Song for Europe“, националниот натпревар на Малта за пристап на Изборот за песна на Евровизија. Таа настапи со Пол Џордимаина со песната „Time“ на 9-то место со 3046 гласови.
Две години подоцна, Морена повторно учествува во „Малта песна за Европа“, со 2 песни, „Casanova“ и „Vodka“. И двете песни имаат пристап до финалето, „Casanova“ се најде на 5-то место со 3.607 телегласови и 40 поени од жирито, а „Vodka“ победи на натпреварот со 49 поени од жирито и вкупно 16.979 гласови од јавноста (33%).The dark one relishes the limelight
Морена учествуваше во второто полуфинале на Евровизија 2008 во Белград на 22 мај, но не успеа да се квалификува во финалето.
Наводи
Категорија:Родени во 1984 година Категорија:Евровизија 2008 Категорија:Учесници на Евровизија