Боровско богатство () — тракиско богатство од IV век пр. н. е., откриено случајно во 1974 година. Древното богатство денес се чува во Националниот историски музеј во Софија.

Се состои од 5 сребрени садови со позлата — 3 ритони, бокал со ритон и тас. На садовите се пронајдени натписи поврзани со тракискиот одриски цар Котис I (383 — 359 пр. н. е.). Богатството припаѓа на т.н. „Одриски царски дарови“, подарок од Котис I на анонимен гетски владетел. Некои од садовите се изработени како единечен сет — некои од нив (ритонот со протома на сфинга, големиот тас и самиот бокал со ритон) се прикажани на фигуралната композиција на бокалот. Предметите се украсени со слики на животни и митолошки сцени и се од исклучителна вредност за проучување на тракиското верување и ритуал.

Боровското богатство е случајно откриено од Трајчо Стоев во 1974 година во земјиштето на Борово, Русенско, во месноста „Сиври Тепе“. При орање, тракторите ги извадиле древните предмети на површина, оштетувајќи ги, но реставраторите подоцна ги обновиле.

Наводи

Библиографија

Венедиков, Иван. Медното гумно на прабългарите. София, „Наука и изкуство“, 1983 г. Маразов, Иван. Митология на траките. София, ИК Сектор, 1994 г. Маразов, Иван. Художествени модели на древността. София, Монографии МИФ 2. Департамент „История на културата“, НБУ, 2003 г. Маразов, Иван. Боговете на Самотраки. София, изд. Стандарт, 2010 г.

Категорија:Археолошки наоѓалишта во Бугарија