десно|мини| Напречен пресек на Аргонаут. Аргонаут ― поранешна класа подморници изградени од инженерот Сајмон Лејк. Кога се збори без појаснување, Аргонаут претежно се однесува на втората изградена и поголема подморница лансирана во 1900 година во Балтимор. Таа била 11 м долга, во облик на пура и изградена од челик. Таа имала бензински мотор и пропелер од Вајт и Мидлтон, динамо, рефлектор и пумпи за воздух и вода. Нејзината главна одлика, како оној на постариот модел и претходникот Аргонаут Џуниор (Argonaut Junior; 1894), била влажна нуркачка комора која му дозволувала на нуркачот да ја напушти и повторно да влезе во подморницата. Како име на овој брод се користни Аргонаут бр. 1 и Аргонаут бр. 2.

Аргонаут бр. 1 бил изграден во 1897 година и е 11 м во должина. Во септември 1898 година, таа направила премин на отворен океан од Норфолк, Вирџинија, до Сенди Хук, Њу Џерси, со што станала првата подморница што успешно оперирала на отворено море.

Аргонаут бр. 2 е реконструкција на Аргонаут бр. 1 што била завршена во 1900 година со должина од 18 м и значително различен профил.

Наводи

Дополнителна литература

Категорија:Подморнички модели Категорија:Подморници од 19 век од Соединетите Држави