мини|272x272пкс|Исаија Исаија (, преведено како „Спасението е во Бога“) — еден од големите старозаветни пророци што живеел во VIII век пр. н. е. во Јудеја. Неговите пророштва првенствено се поврзуваат со замислата за Месијата, како и со потребата од „враќање кај Бога“. Покажува особена чувствителност кон проблемите на обичните луѓе и често отворено го критикува односот на благородништвото кон нив.The Scofield Study Bible III, NKJV, Oxford University PressNew Bible Dictionary, Second Edition, Tyndale Press, Wheaton, IL, 1987.
Животопис мини|Прозорец во Келнската катедрала со прикаѕ на пророците Исаија (лево) и Еремија (десно) Пророчката служба на Исаија започнала на 20-годишна возраст кога имал видение за Бога седнат на висок и величествен трон. Врвот на Божјата облека го исполнил целиот Храм, а серафимите полетале наоколу викајќи еден кон друг: „Свет, Свет, Свет е Господ Саваот! Целата земја е полна со Неговата слава“.
Исаија почнал да пророкува помеѓу 747 и 735 г. пр. н. е. за време на владеењето на царевите Озија, Јотам, Ахаз и Езекија (Исаија 1:1).
Преданието вели дека Исаија живеел во времето на царот Манасија (696 — 641 г. пр. н. е.) и бил маченички убиен за време на неговото царување. Традиционално е признат како автор на старозаветната Книга на Исаија. Православните христијани го почитуваат неговиот спомен на 9 мај (22), додека Римската матирологија го одбележува на 6 јули.Isaias. Catholic Encyclopedia, 1913. thumb|Усните на Исаија миропомазани со оган (слика на Бенџамин Вест)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Стар завет Категорија:Пророци Категорија:Старозаветни пророци __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__