Metro Exodus (македонски: Метро: Исход) — пукачка игра од прво лице развиена од украинската компанија 4A Games и објавена од Deep Silver. Играта била пуштена на 15 февруари 2019 г. за играчките платформи ЛС (Windows), PlayStation 4 и Xbox One. Metro Exodus е третата игра од серијата Metro, чиј заплет е заснован на романите на Дмитриј Глуховски и ја продолжува приказната на Metro 2033 и Metro: Last Light.
Играчки процес Metro Exodus е пукачка игра од прво лице со елементи на преживувачки ужаси и потајна акција. Дејството се одвива во постапокалиптичните пустини на Руската Федерација и Република Казахстан, каде што играчот мора да се справи со новите опасности на светот и да учествува во борбата против мутираните суштества, како и непријателските луѓе. Играчот поседува арсенал на огнено оружје и фрлачко оружје што можат да се подобрат (промените можат да се користат за приспособување на сите делови на оружјето, од приемникот до цевката). Играта содржи мешавина од праволиниски нивоа и отворени места достапни за истражување од играчот.GameSpot. . (13 June 2017). Проверено 14 июня 2017. Има и динамичен временски систем, дневен/ноќен циклус и годишните времиња се менуваат како што напредува приказната.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Игри за Mac OS X Категорија:Игри за Линукс Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Игри за Windows __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__