Љупчо Бубо Каров (р. , Кавадарци) — македонски глумец, музичар и хуморист.
Животопис Љупчо Бубо Каров е роден на 12 февруари 1959 година во Кавадарци. Тој е еден од трите најкарактеристични и најпопуларни ликови од К-15 како Цацко. Својата кариера ја започнал во Кавадарци, во добро познатата „Кавадаречка династија“ на Радио Кавадарци, заедно со Марјан Димитров и други новинари. Во 1984 година, тој дошол во Скопје каде во Македонското радио со плејада на новинари му пркосече на социјализмот. Во 1994 година, заедно со: Бранко Огњановски и Васко Тодоров го основале К-15 македонското хумористично телевизиско шоу, кои се и сценаристи, кое било емитувано до 2013 година. Во неговата музичка кариера тој бил дел од групата Токму Така. Тој често настапува со групата Трио Гранде и Ваташка Чалгија, каде имаат и концерти во Австралија, Канада, Соединетите Држави и Швајцарија. Во период од 2014 до 2015 година, бил водител на емисијата "Зајди зајди" на Телевизија Алфа, заедно со Зуица Лазова. Во 2017 е назначен за надворешен советник на министерот без ресор, Роберт Поповски, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, во првата влада за Зоран Заев. Во 2018 бил активен поддржувач на опцијата „За„ за време на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија и активен учесник и говорник за потребите на кампањата. Во 2023 година, му бил доделен Медал за заслуги за Македонија, за шоуто К-15. Во 2024 година, заедно со Трио Гранде, настапуваат на Тумба Фест Куманово, со песната "Дојранска" каде тој е автор на текстот и музиката. Во 2024 година, ја добива државната награда "11-октомври" за животно дело.
Филмографија
1995: К-15 1996: К-15 - Облеменувачи на иверици 1998: Маклабас 2003: Како лош сон 2005: Бал-кан-кан 2008: Океаника 2010: Македонски народни приказни 2015: Медена ноќ 2015: Цимери 2025: К-15 30 години - документарен филм
Награди 2023 — Медал за заслуги за Македонија 2024 — Награда „11 Октомври“ 2025 — Златна бубамара на популарноста
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1959 година Категорија:Глумци од Кавадарци Категорија:Македонски музичари Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски комичари Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“