Бојчѝновци () — гратче во северна Бугарија, административен центар на општината Бојчиновци во Монтанската Oбласт. Има население од околу 1.418 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Гратчето се наоѓа на границата помеѓу Дунаската Рамнина и Предбалканот на 20 км североисточно од регионалниот центар Монатана. Во близина е сливот на реката Ботуња во Огоста. Бојчиновци е важен железнички јазол на линијата Софија – Видин.
Историја Населбата била основана околу 1600 година, кога првите ѝ жители побегнале од селото Затворник кај денешното село Белотинци. Причината за нивното преселување била бесната чума.История на град Бойчиновци, посетен на 18 ноември 2023 г. Доселениците како најдобро место за населување избрале месноста „Селиштето“, која се наоѓа северозападно од сегашната локација на градот. Веднаш по Ослободувањето на Бугарија, Бојчиновци броел 300-400 луѓе. Бројот на населението почнал забрзано да расте дури во 1910-1911 година, кога била поставена железничката линија Софија – Видин. До 1916 година, населението на Бојчиновци брзо се зголемило и достигнало 1.142 жители. Во 1945 година во Бојчиновци била изградена најголемата индустриска фабрика во северозападна Бугарија, ДИК „Гаврил Генов“. Со државен Указ бр. 944 од 4 септември 1974 година Бојчиновци бил прогласен за град.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Бојчиновци
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Монтана