мини|десно|Ботаничка илустрација Јазлест струпник или обичен струпник () — повеќегодишно тревесто растение од семејството на струпниците (Scrophulariaceae). Вирее во умерените краишта на северната полутопка со исклучок на западна Северна Америка.Mills, S., The Complete Guide to Modern Herbalism, Thorsons, Great Britain, 1994. Расте на влажно и запуштено обработливо земјиште. Растението е присутно и во Македонија.

Раст Расте право на квадратни месести стебла до висина од 150 см и има хоризонтално корениште. Листовите се спротивставени, јајцевидни во основата и копјести кон врвот, сите со назабени рабови. Цветовите се сместени во лабави класовидни соцветија со облик на издолжени или пирамидални метлички. Поединечните цветови се топчести, со по пет зелени чашкини ливчиња околу зелени или виолетови венечни ливчиња и јајцевидна семена чаура.

Фосилни наоди Семињата на јазлестиот струпник се пронајдени во потстепенот IIIa од средниот плеистоцен.The History of the British Flora, A Factual Basis for Phytogeography by Sir Harry Godwin, Cambridge University Press, Cambridge, , 1975 edition page 318

Во традиционалната медицина Според учењето за сигнатурите, се сметало дека растението може да ја излечи туберкулоза на лимфните жлезди на грлото поради грлениот облик на неговите цветови.

Наводи

Надворешни врски

Јазлест струпник — „Хенриетин билкарник“ Јазлест струпник — Хомеопатски лекови

Категорија:Струпник Категорија:Лековити растенија Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј