Огре (; ; ) — град во општината Огре на областа Виѕеме во Латвија. Се наоѓа на 36 км источно од Рига, на утоката на реките Даугава и Огре. Во 2023 г. населението броело 22.884 жители.

Градот е сочинет од три дела: Јауногре (со значење „Ново Огре“), Огре (центарот) и Парогре (со значење „Преку [реката] Огре“). Наречен е по реката Огре. За првпат се споменува како село „Огер“ на германски во 1206 г. Во 1861 г. кога е изградена железницата Рига–Даугавпилс тука жителите на Рига почнале да градат летниковци. Во 1862 г. Огре станал лекувалиште. Огре е прогласено за град во 1928 г.

Грбот е донесен во 1938 г. и на него е прикажана реката и боровата шума околу местото.

Во градот има дом на културата, ликовно и музичко училиште. Има три училишта на латвиски и едно на руски во Јауногре.

Во градот има и гробишта на германските војници загинати во двете светски војни и во заробеништво помеѓу 1944 и 1951 г.

Спортови Најпопуларни спортови во градот се хокејот на мраз, кошарката и ракометот.

ФК „Огре“ е главен фудбалски клуб во градот и игра во првата лига на Латвија.

Наводи

Извори Alvre, Paul Eesti ja liivi keeleaines Henriku Liivimaa kroonikas (III) (Keel ja Kirjandus, 1985)

Надворешни врски

Категорија:Градови во Латвија Категорија:Државни градови во Латвија Категорија:Огре (општина) Категорија:Виѕеме