Џеки Вилсон (англ: Jackie Wilson; роден како Џек Лерој Вилсон Помладиот (Jack Leroy Wilson Jr.; 9 јуни 1934 – 21 јануари 1984) ― американски пејач од 1950-тите и 1960-тите. Тој бил истакната личност при преминот на ритам и блузот во соул музика. Бил наречен „Господин возбуда“, и важел за маестрален шоумен и еден од најенергичните пејачи и изведувачи во историјата на соул, R&B и рокенрол музиката.
Вилсон постхумно бил примен во Куќата на славата на рокенролот во 1987 година. Тој е примен и во Националната куќа на славата на ритам и блузот. Две песни од Вилсон биле примени во Гремиевата куќа на славата во 1999 година. Тој ја добил наградата Legacy Tribute од Фондацијата Ритам и Блуз во 2003 година. Во 2004 година, Ролинг Стоун го ставило Вилсон на 69-то место на нивната листа од „100 најдобри музичари на сите времиња“ и го ставила на списокот од „200 најдобри пејачи на сите времиња“. NPR го прогласиле за еден од 50-те најдобри гласови.
Живот и кариера Џек Лерој Вилсон е роден на 9 јуни 1934 година, во Хајленд Парк, Мичиген, како трето и единствено преживеано дете на пејачот Џек Лерој Вилсон Постариот (1903-1983) и Елиза Меј Вилсон (1900-1975). Неговиот татко бил алкохоличар, често отсуствувал од дома и најчесто бил невработен, а неговата мајка, која претходно изгубила две деца, целосно се посветила на воспитувањето и образованието на Џеки. Во 1943 година, веднаш по деветтиот роденден на Џеки, неговите родители се разделиле.
Џеки Вилсон почнал да пее уште како дете; ја придружувал мајка му која била искусна пејачка во црковен хор. Во раните тинејџерски години, Џеки се придружил на квартетот, Ever Ready Gospel Singers, кој се здобил со популарност во месните цркви. Вилсон не бил многу религиозен, но уживал да пее пред публика. Парите кои ги заработувал со настапите во квартетот честопати ги трошел на алкохол.
Џеки Вилсон го напуштил средното училиште на 15-годишна возраст, откако претходно двапати бил сместен во притвор за малолетници. За време на неговиот втор престој во притвор, Вилсон научил да боксува и на 16-годишна возраст почнал да се натпреварува во аматерска лига во Детроит. Ја освоил титулата и бил награден со Златните ракавици. Неговата мајка го принудила Џеки да се откаже од боксот, а бил принуден и да се ожени за Фреда Худ откако ја забременил; тој станал татко на 17-годишна возраст.
Почетоци на кариерата Џеки Вилсон почнал да настапува како солист во локални клубови,Arnold Shaw, Honkers And Shouters. The Golden Years of Rhythm And Blues. New York: Crowell-Collier Press, 1978. а потоа формирал група наречена Falcons.
Вилсон бил откриен од агентот за таленти Џони Отис, кој го ангажирал во групата Thrillers. Вилсон потпишал договор со менаџерот Ал Грин (да не се меша со R&B пејачот Ал Грин) кој бил сопственик на две музички издавачки компании, Pearl Music и Merrimac Music.
Откако Вилсон ја снимил неговата прва верзија од „Danny Boy“ и под името Сони Вилсон (негов прекар) за издавачката куќа Dee Gee Records снимил неколку други песни, Били Вард во 1953 година му понудил да се приклучи на групата која ја формирал Вард во 1950 година наречена Dominoes. Вилсон во групата го заменил тогаш многу популарниот Клајд Мекфатер, кој ги напуштил Dominoes за да ги формира the Drifters.
Џеки Вилсон бил главен пејач во групата три години, но со заминувањето на Мекфатер Dominoes изгубија дел од својата популарност. Во 1957 година, Вилсон ги напуштил Dominoes и започнал соло кариера. Подоцна, Ал Грин му обезбедил договор со Decca Records, и Вилсон потпишал со нивната подружница Brunswick.
Соло популарност мини|Вилсон во 1966 година Непосредно пред Вилсон да потпише договор со Brunswick, Грин ненадејно починал. Деловниот партнер на Грин, Нат Тарнопол, ја презел функцијата менаџер на Вилсон (и подоцна станал претседател на Brunswick). Бил издаден првиот сингл на Вилсон "Reet Petite" (од неговиот прв албум He's So Fine), кој имал скромен R&B успех (многу години подоцна, станал голем меѓународен хит). Песната „Reet Petite“ ја напишале идниот основач на Motown Records, Бери Горди, неговата партнерка Рокел „Били“ Дејвис (користејќи го псевдонимот Тиран Карло) и сестрата на Горди Гвендолин. Тие напишале и продуцирале уште шест песни за Вилсон: „To Be Loved“, „I'm Wanderin, „We Have Love“, „That's Why (I Love You So)“, „I'll Be Satisfied“, и една од најпопуларните песни на Вилсон „Lonely Teardrops“, која стигнала до прво место на R&B-листите во САД, а Вилсон го издигнала како R&B суперѕвезда познат по неговиот извонреден, оперски вокален опсег кој покрива повеќе октави. Вилсоновата „Lonely Teardrops“ била продадена во повеќе од еден милион примероци и од RIAA била наградена со златен плоча.
Поради енергичноста на настапите, неговите динамични танцови потези, страсното пеење и осетот за мода, Вилсон го добил прекарот „Господин возбуда“, кој го прател во текот на целата негова кариера. Неговите сценски изведби во емисиите во живо биле инспирација за Џејмс Браун, Теди Пендерграс, Мајкл Џексон и Елвис Присли, и многу други музичари. Присли бил толку импресиониран од Вилсон, така што решил да го запознае и двајцата веднаш станале добри пријатели. Вилсон понекогаш го нарекувале „Црниот Елвис“.
Моќните, наелектризирани настапи во живо на Вилсон скоро секогаш успевале да ја доведат публиката во состојба на лудило. Неговите настапи во живо се состоеле од клекнување на колена, разделби, вртења, салто наназад, лизгање на една нога по подот, вадење на вратоврската и соблекување на јакната која ја фрлал од сцената, основни боксерски движења, и една од неговите омилени рутини, кога терал некои од помалку привлечните жени во публиката да излезат на сцената и да го бакнат. Вилсон често велел „ако ја натерам најгрдата девојка од публиката да дојде и да ме бакне, сите ќе мислат дека можат да ме имаат и ќе продолжат да доаѓаат на моите настапи и да ги купуваат моите плочи“.Arnold Shaw, Honkers And Shouters. The Golden Years Of Rhythm And Blues. New York: Crowell-Collier Press, 1978, pg. 442.
Вилсон редовно гостувал во ТВ емисии како: шоуто на Ед Саливен, Американски бенд штанд, Шиндиг! , Шивари и Хулабалу. На филм единствено се појавил во рокенрол филмот Go, Johnny, Go! , каде што ја извел неговата песна од 1959 година „You Better Know It“.
Во периодот 1960-1961 година, Џеки Вилсон имал ангажмани претежно во ноќните клубови во Лос Анџелес, Лас Вегас и Њујорк и снимил многу R&B хитови, но и класични поп адаптации како: "Night", "Doggin Around", "All My Love“, „A Woman a Lover a Friend“, „Alone at Last“, „Am I the Man“, „My Empty Arms“, „The Tea of the Year“ и други. Тој заедно со Алонзо Такер ги напишал и неговите хитови „Baby Workout“, „Shake a Hand“ и „Shake! Shake! Shake!“ во 1961 година.
Исто така во 1961 година, Вилсон снимил албум посветен на Ал Џолсон, Nowstalgia ... You Ain't Heard Nothin' Yet.Giddins, Gary. Rhythm-a-ning: Jazz Tradition and Innovation, Da Capo (2000), pgs 148–149 Албумот бил комерцијално неуспешен.
По успехот со „Baby Workout“, од 1964 до 1966 година Вилсон имал застој во кариерата откако Tarnopol и Brunswick Records објавиле низа неуспешни албуми и синглови.
Во 1966 година, во соработка со етаблираниот соул продуцент од Чикаго, Карл Дејвис, Џеки Вилсон успеал да врати дел од неговата претходна слава со песните „Whispers (Gettin' Louder)“ и „(Your Love Keeps Lifting Me) Higher and Higher“; втората песна била на 6-то место на поп-листата во 1967 година била една од неговите последни хитови. „I Get the Sweetest Feeling“, и покрај почетниот скромен успех на топ листите во САД (Билборд поп бр. 34), подоцна станала една од неговите најуспешни меѓународни песни; два пати се пласирала во Топ-10 во ОК (во 1972 г. и 1987 година), и во Топ 20 на холандските Топ-40.
Болест и смрт На 29 септември 1975 година, Вилсон настапувал на рокенрол ревија во организација на Дик Кларк во Чери Хил, Њу Џерси. Сред пеење на песната „Lonely Teardrops“ доживеал тежок срцев удар. На стихот „Срцето ми плаче“ паднал на сцената; членовите на публиката аплаудирале бидејќи прво мислеле дека тоа е дел од настапот. Кларк почувствувал дека нешто не е во ред, а потоа им наредил на музичарите да ја прекинат музиката. Корнел Гинтер од Coasters, кој бил зад сцената, забележал дека Вилсон не дише. Гинтер успеал да го реанимира, а Вилсон потоа бил пренесен во блиската болница.
Медицинскиот персонал се трудел да ги стабилизира виталните функции на Вилсон, но поради недостаток на кислород во мозокот тој паднал во кома. Накратко закрепнал на почетокот на 1976 година, а можел дури и да направи неколку несигурни чекори, но повторно паднал во полукоматозна состојба. Останал во кома до неговата смрт.
Вилсон починал на 21 јануари 1984 година, на 49-годишна возраст од компликации од пневмонија.Jackie Wilson gets star on Walk of Fame. Our Weekly Тој прво бил погребан во необележана гробница на гробиштата Вестлаун во близина на Детроит.'Lonely teardrops:' Tour highlights Jackie Wilson's graveDetroit Free Press
Во 1987 година, неговите обожаватели собрале пари за да купат мавзолеј. На 9 јуни 1987 година, на неговиот 53-ти роденден, се одржала церемонија и Вилсон бил пренесен во мавзолејот на гробиштата Вестлаун во Вејн, Мичиген. Во мавзолејот била сместена и неговата мајка Елиза Вилсон, која починала во 1975 година.
Личен живот Вилсон се преобратил во јудаизам како возрасен.
Вилсон имал репутација на брзо избувлив човек и промискуитетна личност.Arnold Shaw, Honkers And Shouters. The Golden Years of Rhythm And Blues. New York: Crowell-Collier Press, 1978. Во нејзината автобиографија, Пети Лабел напишала дека Вилсон сексуално ја нападнал зад сцената во Бруклинскиот театар „Бреворт“ во 1960-тите.
На 15 февруари 1961 година, на Менхетен, Вилсон бил застрелан и тешко ранет од жена по име Хуанита Џонс. Џонс била една од неговите девојки, а таа го застрелала во бес предизвикан од љубомора откако тој претходно се вратил во неговиот стан на Менхетен со друга жена. Вилсон бил застрелан во стомакот; тој го загубил бубрегот, а куршумот застанал премногу блиску до неговиот ’рбет и не можел да биде отстранет.
Бракови и деца На 17-годишна возраст, Вилсон се оженил со својата девојка Фреда Худ во 1951 година додека таа била бремена. Заедно имале четири деца: Жаклин Дениз (1951-1988), Сандра Кеј (1953-1977), Џеки Џуниор (1954-1970) и Ентони Дуан. Худ се развела од Вилсон во 1965 година, по 14 години брак, фрустрирана од тоа што Џеки бил женкар.
Во 1967 година, Вилсон се оженил со својата втора сопруга, манекенката Харлеан Харис (1937–2019); се оженал по наговор на Нат Тарнопол, кој сметал дека бракот ќе му помогне да го поправи имиџот на Вилсон во јавноста. Тие биле во врска најмалку од 1960 година и имале еден син, Џон Доминик, роден во 1963 година. Вилсон и Харис се разделиле во 1969 година.
Вилсон бил во врска со жена по име Лин Гидри, која имала впечаток дека е негова законска сопруга, се до неговиот срцев удар во 1975 година. Сепак, Вилсон и Харис никогаш официјално не се развеле. Харис станала негов старател назначен од судот во 1978 година.
Вилсон, исто така, бил татко на многу вонбрачни деца со различни жени.Michigan Rock and Roll Legends: Incredible Story of Jackie Wilson's Lost Son. Accessed February 1, 2022.
Награди и номинации
1987: Вилсон бил примен во Куќата на славата на рокенролот 2003: Од Фондацијата за ритам и блуз Вилсон ја добил наградата за оставштина 2005: Вилсон бил примен во Куќата на славата на рокенрол легендите од Мичиген 2013: Вилсон беше примен во Куќата на славата на R&B музиката 2019: Вилсон добил своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд
Греми награди Вилсон бил номиниран за две Греми награди. Во 1999, Неговите песни "Higher and Higher" и "Lonely Teardrops" биле примени во Гремиевата куќа на славата. YearNominee / workAwardResult1968"Higher and Higher"Best R&B Solo Vocal Performance, MaleNominated1961"Lonely Teardrops"Best Rhythm & Blues PerformanceNominated
Избрана дискографија
Студиски албуми
1958: He's So Fine 1959: Lonely Teardrops 1959: So Much