Гунбјерн () — највисока планина во Гренланд, територија на Кралството Данска северно од Северниот Поларник. Претставува нунатак, карпест изданок над ледничкиот мраз.
Географија Планината се наоѓа во венецот Воктинсонови Планини во источниот дел на островот. Има доста нунатаци и опфаќа уште неколку врвови со висина над 3.500 м.
Историја Гунбјерн за првпат е освоен на 16 август 1935 г. од Огистен Курто, Џек Лонгленд, Ебе Мунк, Харолд Вејџер и Лоренс Вејџер. Наречен е во чест на Хунбјерн Улфсон, првиот Европеец кој го открил Гренланд.Rasmus Ole Rasmussen: Gunnbjørn Fjeld. Den Store Danske.
Врвот се издига над ненаселен крај на источното крајбрежје на Гренланд. Искачувањата се ретки поради оддалеченоста и непристапноста на тој крај. Почесто до него се доаѓа со вртолет или авион на скии, обично од Исланд.
Поврзано Форел — порано погрешно сметана за највисока на Гренланд Список на планини во Гренланд Мелехеј — највисока планина во потесна (европска) Данска
Наводи
Надворешни врски
Патопис од 2004 г. Гунбјерн на Peakbagger
Категорија:Планини во Гренланд Категорија:Нунатаци