Рамадан Шукри ( во ) — македонски контрабасист и диригент.
Животопис
Своето музичко образование го стекнал во Битола и во Скопје.
Водач на групата контрабаси во оркестарот на Македонската опера и балет.
Работејќи со повеќе мандолински оркестри на основните училишта во Скопје, постигнува значајни резултати, а по негова иницијатива во 1981 година е основан Мандолинскиот оркестар при МКЦ. Со овој оркестар Шукри постигнува големи успеси, надминувајќи го аматерското музицирање, а тоа го потврдуваат добиените награди и признанија во земјата и во странство. Заедно со Ерхан Шукри во 2001 година го основал Мандолинскиот оркестар „Скопје“, кој за кратко време постинал значајни резултати, гостувајќи на фестивали низ цела Европа.
Наводи
Категорија:Македонски контрабасисти Категорија:Македонски диригенти Категорија:Југословенски контрабасисти Категорија:Југословенски диригенти