Асен Шурдов (псевдоним: Ведров; во — во ) — македонски поет, преведувач и новинар.

Животопис

Студирал книжевност на Софискиот универзитет.

При крајот на октомври 1938 година, во неговиот стан на улицата „Љулин“ бр. 20 во Софија било одржано Основачкото собрание на Македонскиот литературен кружок.

Неговата поезија е силен социјален протест против капиталистичкото општество, со верба во посреќната иднина на работниот народ, но и љубов кон поробената и распарчената татковина Македонија.

Објавувал во весниците „Жар“, „Младешки преглед“, „Академик“, „Литературен критик“, „Нова камбана“, „Современик“ и „Жажда“. Подготвената стихозбирка за печат била уништена во 1939 година.

Наводи

Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски новинари