Слепиот Орион го бара изгрејсонцето ― слика од 1658 година, на францускиот уметник Никола Пусен. Изработена во масло на платно, сликата прикажува сцена во која митолошкиот лик Орион кој заслепен го бара изгрејсонцето.

Сцената на сликата е вдахната од записите на асирскиот писател Лукијан за грчката митологија, вклучувајќи ја и легендата за Орион. Пусен го насликал Слепиот Орион во име на Мишел Пасар, добро познат покровител на пределното сликарство. Делото на Пусен се наоѓа во збирката на Музејот на уметност Метрополитен, кој смета дека делото е едно од најголемите пределни слики на Пусен.

Поврзано

Список на слики од Никола Пусен

Наводи

Категорија:Пределни слики Категорија:Митолошки слики од Никола Пусен Категорија:Слики во Метрополитен Категорија:Слики од 1658 година