Сурва () — меѓународен фестивал на маскенбалски игри од областа Перник во Бугарија, кој секоја година се одржува на 13 и 14 јануари во чест на Новата година според стариот календар. Во 2015 г., овој фестивал бил вклучен во списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на светот. Ваков обичај се одржува и во Македонија, односно во селото Ѕвегор, Делчево, наречен Ѕвегорска сурва.
Фестивал Фестивалот го организира општина Перник од 1966 г. Од 1985 г., фестивалот има меѓународен статус. Од 1995 г. Перник е примен како член на Европската федерација на карневалски градови. Од 2008 г., Меѓународниот маскенбалски фестивал се одржува секоја година во последната сабота и недела од јануари.
Неговиот најпривлечен дел е дводневната поворка на маскирани групи од земјата и странство. Во центарот и по градските улици, учесниците се натпреваруваат да ја покажат живописноста на нивните игри и нивните уникатни маски и костими. Мажите во застрашувачки демонски маски со свиткани рогови, долги носеви и испакнати заби се лелеат напред-назад. Нивниот танц по улиците на Перник е проследен со збрканиот звук на ѕвоната што ги носат околу појасот.
На фестивалскиот натпревар учествуваат повеќе од 5.000 луѓе во повеќе од 90 маскенбалски групи од сите етнографски области на Бугарија, како и гости од Европа, Азија и Африка. На првиот фестивал во 1966 г. учествувале 800 луѓе од сите краишта на градот Перник. Фестивалот е проследен со низа настани — претстави, емисии, базари итн.
Наводи
Надворешни врски
Сурва на Фејсбук
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Фестивали