Floruit (скратено fl. или повремено flor. од латинскиот „процветал“) — датум или раздобје во кое се знаело дека некое лице е живо или активно. На англиски, нескратениот збор може да се користи и како именка што означува време кога некој бил на врвот на својата активност, кога цветал. На македонски ова може да се означи и со зборот дејствувал (скрат. д.).

Поимот често се користи во историјата на уметноста кога се датира со кариерата на уметникот. Во овој контекст се подразбира раздобјето на уметничка активност на поединецот.

Во некои случаи, може да се замени со зборовите „активен помеѓу и “, во зависност од контекстот и ако просторот или стилот дозволува.

Наводи

Категорија:Латински изрази