Горан Силјановски (роден на 1 јули 1990 година во Тетово) ― македонски професионален фудбалер кој игра на позицијата десен бек за Брегалница 2008 и за македонската репрезентација.

Клупска кариера Како младински фудбалер, до 2007 година, тој играл за Југохром од Јегуновце.

Од 2007 до 2009 година, Силјановски бил играч на прволигашот Македонија Ѓорче Петров. Поточно, во сезоните 2007/08 и 2008/09, тој бил позајмен во второлигашот Маџари Солидарност. Во втората спомената сезона, тој и Маџари Солидарност завршиле на 15. место и отпаднале во Третата лига. Сезоната 2009/10, Силјановски ја започнал во Македонија Ѓорче Петров, но на полусезоната се преселил во Вардар. Во првата полусезона на 2010/11, Силјановски настапувал за Вардар, но во втората полусезона се преселил во прволигашот Тетекс.

Силјановски и Ренова го освоиле Купот на Македонија 2011/12.

Од 2013 до 2017 година, Силјановски настапувал за Работнички.

На 14 јуни 2017 година, Силјановски за прв пат се преселил во странство за да потпише со албанскиот суперлигаш Фљамуртари од Валона. Договорот му траел една година. Во јануари 2019 година, Силјановски ја прекинал соработката со Фљамуртари и повторно се преселил и потпишал со Работнички. Договорот му траел до јуни 2020 година. Тогаш тој бил капитен на екипата. Во јуни 2020 година, Горан Силјановски ја продолжил соработката со Работнички и потпишал договор во времетраење од една и пол година. Во мај 2021 година, Работнички и Силјановски спогодбено и предвреме го раскинале договорот, со што Горан Силјановски станал слободен играч. Во јули 2021 година, Силјановски потпишал за тирански Динамо. По завршувањето на сезоната 2021/22, Силјановски престанал да е фудбалер на Динамо. Во јуни 2022 година, за сезоната 2022/23, Силјановски се преселил во штипскиот прволигаш Брегалница 2008. За сезоната 2023/24, Силјановски ја продолжил соработката со Брегалница 2008.

Репрезентативна кариера Силјановски го направил своето деби за сениорите на 18 јуни 2014 година на пријателски натпревар против НР Кина, играјќи го првото полувреме додека натпреварот завршил со пораз од 2–0.

Почести

Работнички

Прва македонска фудбалска лига: 2013/14 Куп на Македонија: 2013/14, 2014/15

Ренова

Куп на Македонија: 2011/12

Наводи

Надворешни врски

Горан Силјановски на Transfermarkt.com

Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Ренова Категорија:Фудбалери на ФК Тетекс Категорија:Фудбалери на ФК Вардар (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Македонија Ѓорче Петров Категорија:Фудбалери на ФК Маџари Солидарност Категорија:Фудбалери на ФК Југохром Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница 2008 Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Фудбалски бекови Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Македонски иселеници спортисти во Албанија Категорија:Иселеници фудбалери во Албанија Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери во Првата фудбалска лига на Албанија Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Фљамуртари (Валона) Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци под 21 година Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Фудбалери од Тетово