Вадкерт () — езеро во Бачко-Кишкунскиот Округ, Унгарија во близина на градот Шолтвадкерт.

Езерото го има и „прекарот“ смрдливо езеро (), кој останал од историските времиња, кога било диво и неуредено езеро. Езерото станало популарно за туристите, особено откако бреговите се уредени и се изградени атракции слични на оние што веќе постојат наБалатон, но цените овде се многу попристапни.

Историја Езерото првпат се споменува на воените мапи од 1780-тите. Оттогаш неколку пати пресушувало, но денес е познато по чистата вода и плажите.

Едната страна на езерото денес се користи и е уредена за риболов, а другата страна за капење и семејна рекреација. Има и неколку места уредени за кампување.

Летни програми Мај: годишен собир на моторџии, рокери и фестивали на пеење. Првата недела во јули: вински фестивал Минатата недела во јули: пивски фестивал и рок концерти. 20 август: Празнување на денот на Свети Стефан

Категорија:Езера во Унгарија