Јанинински Вилает (на османлиски турски : ولايت يانيى ( ; на турски : ) — вилает на Отоманското Царство. Основан во 1867 година, бил укинат во 1913 година. Неговата територија приближно го опфаќала Епир и Јужна Албанија. Негов главен град бил Јанина.
Историја Вилаетот бил основан во 1867 година. Нему му претходел истоимениот пашалак.
Во февруари-март1878, избувнал бунт на Епирските Грци во областа на Саранда, но тој бил задушен од османлиските власти.
Грчкото националистичко тврдење за Големата идеја било во спротивност со албанското национално движење кое е родено во 1878 година со Призренската лига и кое во Епир го претставувал поетот Наим Фрашери.
Во 1881 година, дел од територијата на вилаетот му била отстапена на Кралството Грција. Грците се обиделе да го ослободат остатокот од покраината во Грчко-турската војна април-мај 1897 година, но без успех.
Вилаетот исчезнал за време на Првата балканска војна 1912-1913 година: југот се припоил на Грција, северот, со Скадарскиот Вилает, го основа новото Кнежество Албанија.
Население Според отоманскиот попис од 1911 година, населението на вилаетот броело 560 835 жители, од кои 311 032 Грци, 244 638 муслимани, 3 990 Евреи и 1 175 други. Но, во извештајот од 1906 година, грчкиот конзулат во Јанина го проценува на 362 268 “. Грците „, односно верници на православната црква на грчкиот обред (вклучувајќи 213 216 грчки, 91 442 албански, 21 570 влашки) наспроти 262 841 муслимани (вклучувајќи 248 483 албански јазик и 14 358 грчки јазик)Dépret Isabelle, « La construction nationale en Épire, 1912-1939 : le rôle du facteur confessionnel et du haut clergé orthodoxe », Revue d’histoire moderne et contemporaine, 2009/3 (n° 56-3), p. 123-149.. Други извори наведуваат од 110 000 до 419 403 Грци, 210 000 до 315 000 Албанци, 25 000 до 140 000 Власи, 140 000 Турци, 20 000 Бугари, 7 000 Роми, итн.
Територија мини|Грчки и албански носии од Јанинскиот Вилает. Паскал Себах, албум од отоманскиот павилјон на светската изложба во Виена, 1873. Вилаетот бил опкружен со Скадарскиот и Битолскиот Вилает, а на југ, со Кралството Грција.
Поделби Вилаетот бил поделен на четири санџаци:
Јанински Санџак () Санџак Ѓирокастро () Санџак Превеза () Бератски Санџак ()
Наводи
Категорија:Држави и територии настанати во 1867 година Категорија:Отоманска Грција Категорија:Отоманска Албанија Категорија:Епир Категорија:Вилаети во Отоманското Царство