Басас да Индија (; ) — ненаселен кружен атол во состав на Француските Јужни и Антарктички Земји. Се наоѓа во јужниот дел на Мозамбичкиот Проток, на половина пат меѓу Мозамбик и Мадагаскар и околу 110 км северозападно од островот Европа. Атолскиот обрач има просечна ширина од 100 м и опколува плитка лагуна не подлабока од 15 м. Атолот има пречник од 10 км и стрмно се издига 3000 м над морското дно. Зафаќа вкупна површина (заедно со лагуната) од . Неговиот исклучив стопански појас зафаќа и е соседен на оној на островот Европа.

Атолот се состои од десет пусти карпести островчиња без растителност и со вкупна површина од 20 ха. Оние на северната и источната страна се високи 2,1 до 3 м, а тие на западната и јужната се издигаат само 1,2 м над морето. Гребенот, чија брегова линија е долга 35,2 км, е целосно потопен под вода од три часа пред плимата до три часа по неа. Во ова подрачје дуваат циклони, што го прави атолот опасен за пловилата и место на бројни бродоломи.

Подводната планина Јагуар and гајотот Хол се наоѓаат на 40 односно 70 км на југозапад.

Историја Атолот првпат е забележан од Португалците во 1506 г. кога бродот им се насукал на него. Тие го завеле како „Бајшо да Жудија“ (Baixo da Judia, „Еврејски Спрудови“) поради потеклото на неговиот сопственик Фернан де Лороња). Името „Басас да Индија“ (Bassas da India) е подоцнежно, и настанало како грешка при препишување.

Островот е одново откриен од бродот „Европа“ во 1774 г. и го добил името Европини Карпи. Овде настрадал бродот „Малај“ на 27 јули 1842 г.

Во 1897 г. спрудот станал француско владение. Во 1968 г. е ставен под управа на комесар со седиште во Реинион. Мадагаскар се осамостоил во 1960 г. и од 1972 г. наваму полага право на атолот.

Животински свет Во 2003 г. околу островот се забележани галапагоски ајкули, за првпат во Мозамбичкиот Проток.

Туризам За закотвување во Басас да Индија е потребна дозвола од француската влада. Риболовот без дозвола е казнив со истерување или конфискување на пловилото. Од 2013 г. наваму Француската воена морнарица запленила неколку пловила на неколку неовластени туроператори од Мозамбик и ЈАР.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Басас да Индија — ФЈАЗ

Категорија:Атоли во Индискиот Океан Категорија:Острови на Мадагаскар Категорија:Ненаселени острови Категорија:Француски Јужни и Антарктички Земји Категорија:Спорни острови