Сен Пјер (, креолски: ) — трета по големина општина во францускиот прекуморски департман и регион Реинион. Се наоѓа на југозападната страна на островот, и служи како седиште/главен град на Француските Јужни и Антарктички Земји. Градот се нараснал околу пристаништето изградено од 1854 до 1882 г. кое имало улога во трговијата помеѓу Азија и Европа. Денес има 400 места за риболов и разонодни пловила, а највеќето стопански сообраќај е преместен на север во Ле Пор.

Географија Градот Сен Пјер е на почетокот од единстевниот главен пат на островот (наречен N3). Одовде тој води во Ле Тампон, висорамнината Кафр и селото Бур Мира. Од ова место релативно лесно се стасува до Питон де ла Фурнез како почетна точка за многу екскурзии.

Клима Сен Пјер се одликува со врела степска клима (класа: BSh), додека селото Лињ Паради и населбата Равин де Кабри во југоисточниот дел на општината имаат тропска саванска клима (класа: Aw). Просечната годишна температура во Сен Пјер (центарот) е . Просечните годишни врнежи изнесуваат 672,1 мм, при што февруари е најврнежлив. Температурите во просек се највисоки во јануари () и најниски во јули ().

Сообраќај Аеродромот „Пјерефонд“ е сместен на 5,5 км од градот. Го носи IATA-кодот ZSE.

Сместување Во Сен Пјер нема поголеми хотели. Посетителите се сместуваат во пансиони во мали објекти како преуредени креолски куќи и вили.

Галерија

Поврзано Општини на Реинион

Наводи

Надворешни врски

Официјален портал на Сен Пјер Туристички Портал на Јужен Реинион

Категорија:Општини на Реинион Категорија:Потпрефектури во Франција