Драган Велјановски (р. година во ) — македонски театарски, филмски и телевизиски режисер.

Животопис Велјановски дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за режија во 1972 година.

Во 1987 година бил асистент режисер на серијата „Трст виа Скопје“. Во периодот од 1989 до 2003 година, тој бил режисер на серијалот „Македонски народни приказни“ за МРТ, каде има напишано и сценарио на некои приказни, при што снимил околу 200 приказни. Од 2010 до 2013 година, тој бил режисер на новата сезона на „Македонски стари приказни“ за Сител Телевизија.

Во 2013 година, тој бил режисер на серијата „Тиквешко востание“, која била во продукција за МРТ 1. Во 2016 година, тој бил режисер на серијата „Комшиски приказни“ која имала 2 сезони, од вкупно 70 епизоди, која била во продукција на Телевизија Алфа.

Филмографија Велјановски ги режирал следните филмови и серии:

„Трст виа Скопје“ (асистент режисер, 1987) „Македонски народни приказни“ (режисер и сценарист, Сезона 1, 1989-1992) „Последната македонска елегија“ (режисер, 1992) „Македонски народни приказни“ (режисер и сценарист" Сезона 2, 1993-2003) „Каца“ (режисер, 1999) „Мајка Тереза“ (режисер, 2000) „Погрешно време“ (режисер, 2000-2001) „Сашо и Сашка“ (режисер, 2005) „Досие-К“ (режисер, 2007) „Цимери“ (режисер, 2007) „Македонски стари приказни“ (режисер и сценарист, 2010-2013 Сител ТВ) „Тиквешко востание“ (режисер, 2013) „Комшиски приказни“ (режисер, 2016-2017) „Кавадаречки народни приказни“ (режисер, 2017)

Надворешни врски

Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Југословенски режисери Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје