Митко Стојковски (роден на 18 декември 1972 година) ― македонски поранешен професионален фудбалер кој играл како одбранбен играч.
Клупска кариера Стојковски својата кариера ја започнал играјќи во неговиот матичен клуб Пелистер, тогаш играјќи во Втората југословенска лига. Во 1991 година неговите вештини биле забележани и тој се преселил во европскиот првак од 1991 година, Црвена звезда каде што останал четири сезони и одиграл преку 120 натпревари. Во легендарното 100-то вечно дерби против нивниот најголем ривал Партизан, тој постигнал гол и бил прогласен за играч на натпреварот. Во 1995 година, тој потпишал со шпанскиот лалигашки клуб Реал Овиедо каде одиграл 67 првенствени натпревари во две сезони со екипата. Во 1998 година, Штутгарт потпишал со него и тој бил дел од екипата што стигна до финалето на Купот на победниците на Куповите во 1998 година, каде што загубиле од Челси. По две и пол години минати во Германија, тој се вратил во Пелистер каде се пензионирал во 2001 година со освојување на Купот на Македонија истата година.Mitko Stojkovski at FFM
По пензионирањето, еден период бил спортски директор во ФК Пелистер.
Меѓународна кариера Стојковски за репрезентацијата на Македонија дебитирал на пријателскиот натпревар против Словенија во март 1994 година. На 9 ноември 1996 година, Стојковски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Митко Стојковски бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 30. и 43. минута. Има забележано 28 натпревари, постигнувајќи вкупно 5 гола. Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар против Израел во ноември 2002 година.
Почести Црвена ѕвезда
Прва лига на Југославија и Прва лига на СР Југославија: 1991/92, 1994/95 Куп на СР Југославија: 1992/93, 1994/95
Штутгарт
Вицепрвак во Лигакуп на Германија: 1998 Вицепрвак во Купот на победниците на куповите: 1997/98
Пелистер
Куп на Македонија: 2001
Наводи
Надворешни врски
Профил во Македонскиот фудбал Mitko Stojkovski
Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери од Ла Лига Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Пелистер Категорија:Македонски фудбалски репрезентативци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Македонски иселеници спортисти во Шпанија Категорија:Иселеници фудбалери во Шпанија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Германија Категорија:Иселеници фудбалери во Германија Категорија:Македонски иселеници спортисти во Србија и Црна Гора Категорија:Иселеници фудбалери во Србија и Црна Гора Категорија:Македонски иселенички фудбалери Категорија:Фудбалери на Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на Првата југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери во Втората југословенска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Реал Овиедо Категорија:Македонски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Машки фудбалски одбранбени играчи Категорија:Фудбалери од Битола