Лајхтер Кампфваген (германски: Leichter Kampfwagen; ) или ЛК I (LK I) ― германски прототип на лесен тенк од Првата светска војна. Дизајниран да биде евтин лесен тенк за разлика од скапите тешки тенкови кои влегувале во употреба во тоа време, тенкот стигнал до фазата на прототип само пред крајот на војната.

Историја ЛК I бил дизајниран од Јозеф Волмер. Бил заснован на автомобилска шасија на Дајмлер, користејќи ги постојните оски за монтирање на запчаници и тркала. Неговиот дизајн следел автомобилска пракса, со мотор поставен напред и простор за возење зад него. Тој бил првото германско оклопно борбено возило опремено со бедем за пукање, вооружено со митралез МГ 08 од 7,92 мм.

Само два прототипа биле произведени во средината на 1918 година, но не биле нарачани за сериско производство. Дизајниран како опитен крстосувачки тенк, тој го отворил патот до ЛК II.

Наводи

Надворешни врски

Ахтунг Панцер! Први панцери 1917-1918 година

Категорија:Историја на тенковите Категорија:Пробни и тенкови во истражување од Германија Категорија:Лесни тенкови од Првата светска војна Категорија:Тенкови на Германија од Првата светска војна Категорија:Лесни тенкови од Германија