Алма Малер — роман на македонскиот писател Сашо Димоски, објавена во 2014 година . во издание на издавачката куќа „Култура“.
За книгата Алма Малер е краток роман за сопруга, љубовница, муза, интимна пријателка на големи и познати уметници, жена која одбележа една ера со својата уникатност.
Романот е напишан во облик на фиктивен животопис во прво лице еднина. Претставува емотивен монолог на жена која го посветила својот живот на својата љубов и не добила речиси ништо за возврат. Таа се откажала од својата музичка кариера поради нејзиниот десетгодишен брак со Густав Малер. По неговата смрт, следеле врски со архитектот Валтер Гропиус, сликарот Оскар Кокошка и писателот Франц Верфел. десно|мини| Алма Малер Бракот со Малер, со кој во тие десет години родила две деца, е токму делот од нејзиниот живот што го претставува главниот тек на овој роман.
Алма Малер е родена како Алма Марија Шиндлер во 1879 година . како ќерка на сликарот Емил Јакоб Шиндлер и пејачката Ана Берген. Нејзиниот татко наскоро умира, а следниот брак на нејзината мајка со сликарот Карл Мол ќе ја приближи Алма до водечките уметнички кругови во Виена. Веќе на седумнаесет години, таа го фасцинирала Густав Климт, научила да свири на пијано со композиторот и педагог Александар Землински. Таа била во врска со тогашниот директор на Бургтеатарот, Макс Буркхарт, кога го запознала Густав Малер, и со кого ќе се гледа дури и додека била во брак со Малер. Бракот траел десет години, а по неговата смрт, Алма стапила во врска со архитектот Валтер Гропиус. Таа врска завршила по собир организиран од нејзиниот очув и кога таа го запознала сликарот Оскар Кокошка. По врската со Кокошка, таа се враќа кај Гропиус, со кој ќе се омажи. Нивниот брак се распаѓа по пет години, поради меѓусебно неверство. Во тоа време таа била во врска со младиот писател Франц Верфел, со кој стапила во брак по трет пат. Заедно за време на Втората светска војна отишле во Америка, каде што починал во 1964 година. Алма Шиндлер Малер Гропиус Верфел е погребана во Виена по нејзина желба.
Содржина Романот Алма Малер ги содржи следните поглавја:
Смрт Прва симфонија - Титан Втора симфонија - Воскресение Трета симфонија Петта симфонија - Адаџието Шеста симфонија - Анданте Модерато Седма симфонија - песна на ноќта Симфонија од илјадници Деветта симфонија - Рондо-бурлеска: Алегро асаи Скица за Десеттата симфонија - Последно изгрејсонце Анданте – Адаџо Шерцо Чистилиште. Алегро модерато Шерцо Финале
Драматизација Драматизацијата на книгата за исповедта на Алма Малер била изведена на сцената на Македонскиот народен театар во јануари 2015 година во режија на Васил Зафирчев. Со оваа претстава театарот настапи на повеќе сцени во Македонија и во странство.
Изданија на други јазици Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2016 година, во превод на Зоран Паневски.
Во 2018 година книгата е издадена на англиски јазик од издавачката куќа Долки аркајв прес (Dalkey Archive Press) во превод на Пол Филев.
Поврзано Алма Малер Густав Малер Франц Врфел Валтер Гропиус Оскар Кокошка
Наводи
Надворешни врски Alma Maler Prikaz knjige „Alma Maler“ Saše Dimoskog: Alma Maler – Ikona jedne epohe - Vera Kondev Intervju – Sašo Dimoski: Očekivanje raspleta Prikaz romana „Alma Maler“
Категорија:Македонска книжевност Категорија:Македонски романи Категорија:Книги од 2014 година Категорија:Македонски дела од 2014 година Категорија:Дела на Сашо Димоски Категорија:Изданија на Култура