М’глиж () — град во Јужна Бугарија, административен центар на општината М’глиж во Старозагорската Област. Има население од околу 3.259 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Градот се наоѓа во Казанлашката Долина, во подножјето на Стара Планина.
Историја Од петтиот век п.н.е. до првиот век од нашата ера во градот и неговата околина процветале неколку тракиски населби - тврдини и вили. За високата тракиска култура сведочи гробницата со ѕидно сликарство кај М’глиж.
За време на римското владеење и средниот век градот бил важна тврдина и попатна станица на раскрсницата на античките автопати Сердика - Месемврија и Константинопол - Никополис ад Иструм. Во 13 век, византиските извори за првпат го спомнуваат неговото име Монглиж.
Во првите векови на турското владеење, М’глиж бил најголемата населба на Казанлашката каза. Во 1869 година, жителите на М’глиж основале првото селско читалиште во Бугарија. Во 1877 година селото имало 400 бугарски куќи. М’глижани земале активно учество во ослободителните борби.
По ослободувањето М’глиж се проширил на 1.500 куќи и 5.000 жители. Се развивало килимството, дрвосечањето и др.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на Општина М’глиж
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Стара Загора