Јован Малала (; ~491 - 578) — византиски летописец од Антиохија (денешна Антакија, Турција).
Живот Малала родум бил Сириец, чиј мајчин јазик бил сирискиот, а грчкиот го научил подоцна. Името Малала веројатно доаѓа од арамскиот збор (ܡܰܠܳܠܰܐ малоло - „говорник“), прекар кој прв му го дал Јован Дамаскин. Другиот облик Малела е од подоцножено време, и се појавил за време на царот Константин VII Порфирогенит.Thurn, Ioannis Malalae Chronographia, стр. 1.
Се образовал во Антиохија, и веројатно по занимање бил правник. Се преселил во Цариград за време на Јустинијан I (можеби по персискиот напад на Антиохија во 540 г.Geoffrey Horrocks, Greek: A History of the Language and its Speakers (Longman Linguistics Library, 1997: ), стр. 180.); сè што знаеме од неговото сопствено перо е дека ги посетил Солун и Пенеада.
Дело мини|десно|Насловна страница на Хронографијата на Малала, издание од 1691 г.
Малала го напишал неговото дело „Хронографија“ () во 18 книги, чиј почеток и крај е изгубен. Во сегашната состојба делото почнува со митската историја на Египет и завршува со експедицијата во Африка предводена од трибунот Маркијан, внук-сестринец на Јустинијан во 563 г.; Се задржува главно на Антиохија и (во понатамошните книги) на Цариград. Освен историјата на Јустинијан и неговите непосредни претходници, делото нема некаква историска вредност; авторот „се ослонува на Евсевиј Кесариски на други составувачи, уверено нанижани митови, библиски приказни и вистинска историја.“Warren Treadgold, A History of Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997: ), стр. 267. Осумнаесеттата книга, посветена на владеењето на Јустинијан е обоена од државна пропаганда. Писателот бил поддржувач на црквата и државата, и застапник на начелата на монархијата.
Се служел со неколку изори како Евстатиј Епифаниски и други непознати автори.
Делото има важност како најраниот опстанат пример за летопис напишан за монаси и обичниот народ наместо за учените луѓе. Начинот на изразување прави компромис помеѓу книжевниот стандард и говорниот јазик од тоа време, иако сепак е книжевен. Особено се забележува употребата на технички поими и бирократски фрази, сè уште користејќи латински заемки заедно со нивните грчки истоветници, живеејќи во периодот на промена во службениот јазик. Малала оддава впечаток на едноставност, вклучувајќи го народниот јазик меѓу високопарното изразување."Horrocks, Greek, стр. 179-81, q.v. поединости за неговата лексика и синтакса, погл. стр. 181-82 for a passage of Malalas with interlinear translation and transcription showing how Horrocks believes it would have sounded in the spoken Greek of the day.
Сè до IX век уживал голема популарност како извор за разни писатели. Некаде во X век делото е преведено на старословенски, а делови се искористени во старорускиот летопис „Повест за минатите лета“.Олег Творогов, Хроника Иоанна Малалы . Зачувано е во скратен облик во еден ракопис во Оксфорд, како и разни одломки. Постои и средновековен превод на грузиски.
Поврзано Добротољубие Исихазам
Наводи
Надворешни врски Англиски превод на Хронографијата на Малала Пребарлив превод на Хронографијата на Малала Критика на историскиот приод на Јован Малала, Контраисторија
Категорија:Родени во 491 година Категорија:Починати во 578 година Категорија:Луѓе од Антиохија Категорија:Византијци од 6 век Категорија:Средновековен Солун Категорија:Историчари на Јустинијан I