Само (–) го основал првиот евидентиран политички сојуз на словенските племиња, познат како Самоово царство (царство, кралство, или племенски сојуз), кој се протегал од Шлезија до денешна Словенија, кој што владеел од 623 до неговата смрт до 658. Според Фредегариј, единствениот извор од тоа време, Само бил франкиски трговецLexikon des Mittelalters. Verlag J.B. Metzler, Vol. 7, cols 1342-1343 кој обединил неколку словенски племиња против разбојничките напади од околните Авари, покажувајќи таква храброст и командни вештини во битката што бил избран за „словенски крал“ ().
Потекло и доаѓање на власт Главен и речиси единствен современ извор за неговиот живот е Фредегариевата хроника, во која е опишан како Франк по потекло и трговец (neguciantes).
Според хрониката, околу 623/624 година Само, заедно со други трговци, заминал во земјите населени со Словени, кои Фредегар ги нарекува Венди. Во тоа време Словените веќе биле во отворена побуна против Аварскиот каганат. Само и неговите придружници им се приклучиле во борбата против Аварите, при што тој се истакнал со своите воени и лидерски способности (utilitas). По победата над Аварите, Словените го избрале Само за свој крал (rex).
Под негово водство, словенската заедница продолжила да се спротивставува на Аварскиот каганат. Само ја зацврстил својата власт преку брачни сојузи со припадници на словенските владетелски родови. Фредегар наведува дека имал дванаесет сопруги и дека владеел 35 години.
Војната со Франките (631–632) лево|мини|Граници на словенските територии под власта на кралот Само во 631 година Во 631/632 година дошло до војна меѓу Само и Франкиското кралство на Дагоберт I. Причина за конфликтот бил нападот и убиството на франкиски трговци во словенските земји. Дагоберт го испратил пратеникот Сихариј кај Само, но преговорите не довеле до договор. Потоа франкискиот крал започнал поход против Словените. Во воената кампања учествувале франкиски (австразиски) и аламански сили, а против Словените дејствувале и Лонгобардите. Главната франкиска војска го опколила утврдувањето Вогастисбург (Wogastisburc), но по тридневната опсада била поразена од силите на Само и се повлекла. Точната местоположба на Вогастисбург не е позната. По франкискиот пораз, Дерван (Dervan), кнезот на Србите (Сорбите) и дотогашен сојузник на Франките, преминал на страната на Само. Во следниот период словенските сили извршувале напади врз Тирингија и други области под франкиска власт.
Територијален опсег и распадот на заедницата Јадрото на Самовата политичка заедница најчесто се сместува во Бохемија или Моравија, додека нејзиниот точен територијален обем не може сигурно да се утврди. Можно е под негово влијание во одреден период да се наоѓале и други словенски области во Средна Европа, вклучувајќи ги и териториите на подоцнежна Карантанија, но степенот на Самовата власт над овие области останува неизвесен и веројатно бил прилично лабав.
Само починал околу 660 година. По неговата смрт, неговата политичка заедница се распаднала, бидејќи немало цврста институционална традиција и неспорни наследници меѓу неговите многубројни синови. Самовото владеење претставувало една од најраните познати форми на политичко обединување на повеќе словенски заедници во Средна Европа.
Наводи
Извори
Категорија:Чешка во средниот век Категорија:Словачка во средниот век Категорија:Починати во 658 година