Бостанџиовци — поранешно село во Преспанско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Преспа на Леринскиот Округ во Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во областа Голема Преспа и денес е маало на Р’мби.

Историја Бостанџиовци било македонско село, кое многу подоцна станало албанско. Се споменува во османлиски дефтер од 1530 г. под името Боштани, хас на падишахот, со 16 христијански семејства и 16 ергени христијани. При крајот на XVIII или почетокот на XIX век власта тука доселила Албанци

Во XIX век Бостанџиовци било албанско село во Долнопреспанската нахија на Битолската Каза. За време на Илинденското востание во 1903 г. Бостанџиовци е нападнато од македонски чети. Со време селото станало маало на Р’мби.

За време на Првата балканска војна селото е окупиарно од грчка војска, а по Втората балканска војна Бостанџиовци влегло во состав на Грција.

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор, населението како муслиманско било принудено да се исели во Албанија, а на негово место се доведени 8 грчки семејства од Кавказ. Со егзодусот на Македонците од Р’мби, овие на овие семејства им бил доделен нивниот имот во главнината на селото.

Наводи

Категорија:Историски села во Преспа (општина)