Замокот Сан Анџело (или поинаку наречен Големиот Адријан или пак замокот Кресенциј) е изграден во периодот од X-XII век. Ова здание исто така е познато и како мавзолеј на Адријан и претставува споменик на културата кој се наоѓа во Рим, на десниот брег на реката Тибар, веднаш спроти мостот Елиус (сегашното име на мостот е мост Сан Анџело). Местото е всушност на многу кратко растојание од Ватикан, помеѓу областите наречени Борго и Прати. Замокот е поврзан со државата Ватикан преку утврдениот коридор на „пасетото“ (градината). Замокот бил комплетно модифициран и реконструиран неколку пати во периодот на средниот век и ренесансата.

Ова здание во декември 2014 година станува имот на италијанската држава, односно преминува во сопственост на Министерството за културно наследство и дејности кое управува преку Музејскиот комплекс именуван како Лацио. Од декември 2019 година замокот е управуван преку институцијата Дирекција на државните музеи за градот Рим.

Историја мини| Макета на мавзолејот на Адријан.

Римско потекло Целата сторија поврзана со овој замок започнува во 135 н.е. кога императорот Адријан побарал од архитектот Деметриано да изгради погребен мавзолеј за него и неговото семејство, инспириран од моделот на мавзолејот на Август. Новиот мавзолеј требало да биде со поголеми димензии. Работите околу изградбата на објектот траеле неколку години и конечно бил завршен од страна на Антонин Пиј во 139 година. Изграден е пред Кампот Марцио, кон кој има специјално изграден мост наречен Мостот Елио. Самиот мавзолеј бил конструиран врз кубна основа, покриена со луни од мермер, еден украсен фриз со животински глави од вол (Букрани) и дополнителни аголни пиластри. На делот на фризот свртен кон реката постоеле испишани имињата на императорите кои биле погребани во внатрешноста. Од таа страна се наоѓал влезниот лак посветен на Адријан. Делот на дромосот (или пристапниот премин) бил целосно обложен со материјал наречен антико џиало мермер (антички жолт мермер).

Над квадратната основа бил поставен барабан изработен од таканаречен пеперино и цементни опуси (opus caementicium) покриени со травертин и флетирани пиластри. Над него постоел земјен дел опкружен со дрвени елементи на кои биле поставени мермерни статуи. Тие статуи го краселе обиколниот периметар на споменикот, а се зачувани како фрагменти, пронајдени токму на тоа место. Најзачуваната пронајдена статуа била таа на познатата Барберини Фауно. Тумулот бил надграден со џиновска бронзена квадрига, која се прикажувала во управувачка позиција од страна на императорот Адријан. Тој елемент е претставен и прикажан во вид на сонце поставено врз висока основа или на некаков кружен постамент во вид на толос. Околу мавзолејот се наоѓал ѕид со бронзена порта, која била украсена со позлатени бронзени пауни. Два од тие пауни денес се чуваат во Ватикан.

Внатре во замокот постоеле таканаречени вдлабнатини во вид на бунари кои служеле за довод на светлина со која се осветлувала спиралната рампа, тула, која пак била покриена со мермер. Преку дело кое претставувало бавно искачување, тој простор го поврзувал влезот или дромосот со просторот на погребната ќелија, сместена во централниот дел наречен тумул. Тумулот бил со квадратна форма и бил целосно покриен со полихроматски мермер. Овој дел бил надграден со две други простории, кои можеби исто така биле користени како погребни ќелии.

Во внатрешноста на мавзолејот биле сместени посмртните останки на императорот Адријан и неговата сопруга Вибија Сабина, потоа посмртните останки на императорот Антонин Пиј со неговата сопруга Фаустина Мајор и со нивните деца Луциј Алиј Цезар, Комодус, како и императорот Маркус Аврелиј со неговите тројца синови, императорот Септимиј Северус, неговата сопруга Јулија Домна и нивните синови. Во овој мавзолеј биле погребани и императорите Гета и Каракала.

Мавзолејот делумно ја изгубил својата функција во моментот кога бил поврзан со Аурелијските ѕидини, станувајќи дел од одбранбениот систем на градот Рим. мини|Замокот Сан Анџело и мостот Виторио Емануеле II

Од средниот век па сѐ до деветнаесеттиот век Во 403 година императорот на западното римско царство, Хонориј, кон делот на замокот ја вклучил градбата на таканаречените Аурелијските ѕидини. Од тој момент мавзолејот ја изгубила првобитната функција како гробница и полека се претворила во дел од тврдина, или бедем покрај реката Тибар кој служел како одбранбена линија на градот Рим. Од тој период мавзолејот за прв пат започнува да се нарекува со името кастелум (замок). Овој замок или подобро речено тврдина успеал да ја одбрани областа на Ватикан од ограбувачките походи на Визиготите кои во 410 година бил предводени од нивниот водач Аларик. Исто така оваа тврдина успешно се одбранила и од нападот на вандалите предводени од Генсерик во 455 година. За да се одбранат, Римјаните од овие разбојнички походи употребиле фрлајќи сè што имале при рака, дури и статуите: како што била статуата на таканаречениот Барберини Фауно. Оваа статуа подоцна била пронајдена во рововите во близина на тврдината.Claudio Rendina, La grande guida dei monumenti di Roma, Roma, Newton & Compton Editori, 2002, p. 184 Во почетокот на шестиот век, овој замок бил користен како државен затвор од страна на владетелот Теодорико.Tina Squadrilli,Vicende e monumenti di Roma, Staderini Editore, 1961, Roma, pag. 248

Според традиционалните записи, замокот го добил денешното име некаде во 590 година. Бидејќи во тој период градот Рим бил погоден од тешка чума, папата Григориј I решил да организира свечена покајничка поворка. Додека понтифот (папата), ја предводел поворката, преку мостот Понте Елио, оддеднаш го здогледал архангелот Михаил кој стоел на врвот на Кртот Адријана, со обвиен меч. Тој призор бил протолкуван како небесен знак кој го најавува блискиот крај на епидемијата, која всушност се случила. Од тој момент, Кртот Адријана бил познат само и единствено како замокот Сант Анџело. На самата височинка била подигната црква посветена на „Сан Анџело возвишен до небото“.Cfr. Liutprando di Cremona, Antapodosis, III 45. Во XIII век била подигната статуа која го прикажувала ангелот во чинот која врши обвивка со мечот.Willy Pocino, Le curiosità di Roma, Roma, Tradizioni italiane Newton, 2009, pp. 91-92 Денес во музејот наречен Капитолин е зачуван кружен камен на кој има стапалки кои според верувањето биле оние кои ги оставил Архангелот во моментот кога застанал за да го објави крајот на чумата.

Поседувањето на тврдината била предмет на отворено несогласување помеѓу бројни благородни римски семејства од периодот на првата половина на 10 век. Оваа локација станала упориште на сенаторот Теофилато и неговото семејство. Подоцна, неговата ќерка Марозија и неговиот внук Алберико, го користеле замокот како затвор. Оваа намена, замокот ја зачувал до 1901 година. Во 932 година, Марозија, инаку поранешна љубовница на папата Сергиј III и сопруга на Алберико I Маркизот од Сполето, а потоа и сопруга на Гвидо од Тоскана, можеби поради причината за да биде малку и „духовита“Willy Pocino, op. cit., p. 94 својот трет брак со Уго од Прованса сакала да го прослави токму во просторијата наменета за императори на замокот Сант Анџело. Но, целата таа замисла не и донела многу среќа, бидејќи за време на свадбениот ручек за третиот брак, Алберико II, синот на првиот сопруг маркизот Алберико, ненадејно се појавил во замокот Сант Анџело. Со неговото појавување во замокот тој го принудил Уго да се повлече и да побегне и со тоа Алберико II ја презел власта. Марозија поради нејзините постапки и духовитост мрачно ги завршила своите последни денови од животот во една ќелиите во замокот Сант Анџело.

Во втората половина на 10 век, замокот преминал во рацете на Крешензите и кај нив останал цел еден век. Крешензите како династија го зајакнале замокот до тој степен што на зградата и го дале името: Тврдината Крешензи на Замокот Сан Анџело. Ова име на замокот бил идентификуван долго време, дури и по преносот на сопственоста врз династијата Пирлеони, а подоцна и династијата Oрсини. На семејството Орсини замокот му бил продаден од страна на папата Никола III. Ова семејство го задржало замокот до 1365 година. По таа година објектот бил предаден во владение на црквата.Claudio Rendina, op. cit., p. 185; Pio Pagliucchi, I Castellani del Castel S. Angelo di Roma. Con documenti inediti relativi alla storia della Mole Adriana tolti dall’Archivio Segreto e da altri archivi, I, Roma, 1906, pp. 3-27

Папата Никола III, имајќи ја предвид репутацијата на замокот како добро утврдување и непробојност и неговата близина до базиликата Свети Петар и палатата Ватикан, одлучил во него делумно да ја префрли апостолската столица. Префрлувањето е сторено поради фактот дека Латеранскиот дворец не бил проценет како доволно безбеден. За да ја зголеми и обезбеди безбедноста на палатата во Ватикан, тој го изградил познатиот мал премин, кој ја сочинувал заштитената патека од папатата на базиликата Свети Петар до објектот на тврдината.

Во 1367 година клучевите од замокот од страна на црквата му биле предадени на папата Урбан V, за да можело да се побара неговото враќање во Рим од егзил во Авињон. Од тој момент па натаму, замокот Сан Анџело нераскинливо ја поврзал својата судбина со судбините на папите. Тоа било најмногу поради фактот за неговата цврста и утврдена структура. Подоцна овој објект папите ќе го користат како засолниште за време на зголемена опасност. Просториите биле и место посветено за сместување на Архивите и Ризницата на Ватикан, како и дополнителен простор за сместување на судот и на затворот. лево|мини| Поглед на областа на замокот Сан Анџело, фотографија од крајот на 17 век Во 1379 година замокот бил речиси срамнет со земја од разбеснетото население кое било огорчено на францускиот гарнизон, кој бил поставен да го обезбедува замокот од страна на Урбан V. Реконструкцијата на замокот била започната во 1395 година од страна на папата Бонифациј IX, кој му наредил на воениот архитект Николо Ламберти да изврши серија интервенции, за да се изврши зајакнување на одбранбената структура. Влезот во замокот бил возможен само преку една пристапна рампа и преку подвижниот мост. Капелата посветена на Архангел Михаил повторно била изградена на врвот на објектот.

Во наредните четири векови интервенциите и трансформациите следувале една по друга: Папата Николо V (1447-1455) го надградил замокот со една папска резиденција - првата резиденција во внатрешноста на ззамокот. Под наредба на истиот папа биле изградени три бастиони на аглите од надворешниот четириаголен дел. Тој предвидел и реконструкција на мостот Сан Анџело, по повод на некои јубилејни настани. Папата Александар VI (Борџија) му наредил на архитектот Антонио да Сангало Постариот да изгради дополнителни фортификациски елементи, по што објектот добил карактер на вистинско воено упориште според најсовремените техники и стандарди наречени „модерно утврдување“. На замокот биле подигнати неколку бастиони кои имаат петаголна форма. Овие делови биле посветени на евангелистичките светци, кои ги изградил претходните структури под директна контрола на папата Никола V. За да обезбеди поголема контрола врз пристапните патеки до замокот, папата Александар VI, подоцна подигнал дополнителна цилиндрична кула на местото на преминот од мостот кон ѕидовите. На тоа место постои ров исполнет од водите на реката Тибар.