Сливенска кула () — средновековно утврдување кај селото Сливени во Костурско, Егејска Македонија.

Местоположба Остатоците од кулата се наоѓаат на излезот од клисурата Спилието (Берик) на Рулска Река, на 3 км северно од селото Сливени. Целата клисура е покриена со пештери, поради што го ниси тоа име. Пештерата која ја затвора кулата е на десниот брег, на падина на Д’мбенска Планина, на 100 м над коритото на реката и под патот Костур – Преспа.

Историја Кулата била предвидена да штити пештерски скит, метох на манастирот „Св. Архангели“, сместен во или до тврдината Градишта. Оваа тврдина е релативно голема средновековна утврдена населба од околу 2 хектари. По уништувањето на манастирот во 1716 г. метохот му припаднал на неговиот наследник, манастирот „Св. Никола“.

Опис Отворот на пештерата е висок околу 15 и широк 20 м. Заштитен е од голема ѕидина со план во вид на Г, висока 10 и долга околу 15 м. Во првичниот облик ја покривала целата ширина на пештерскиот отвор, но подоцна дел од неа е срушен. Има два прозорци, од кои едниот е заѕидан. Се гледаат дупките за дрвените греди кои ги држеле подовите.

Според раскажувањето на мештаните, во минатото во пештерата имало црква со олтар, изграден иконостас и фрески.

Наводи

Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Тврдини во Егејска Македонија Категорија:Археолошки наоѓалишта во Егејска Македонија Категорија:Д’мбенска Планина