десно|мини| Семе од синап. Параболата за синаповото зрно — една од пократките Исусови параболи, која го споредува Царството Небесно со синапово зрно.
Забележена е во канонските евангелија според Матеј, Марко и Лука, како и во неканонското евангелие според Тома. Во евангелијата според Матеј и Лука, таа веднаш и претходи на параболата за квасецот, со која ја споделува темата за растот на Небесното Царство од мали зачетоци.
Парабола
Според Матеј Евангелието според Матеј ја пренесува следнава Исусова парабола:
Според Марко Евангелието според Марко го пренесува следново:
Според Лука Евангелието според Лука го пренесува следново:
Според Тома Евангелието според Тома го пренеува следново:
Толкувања десно|мини| Синапово стебленце. Растението за кое се зборува во параболата се смета дека е црн синапI. Howard Marshall, The Gospel of Luke: A commentary on the Greek text, Eerdmans. , големо едногодишно растение високо до три метри што расте од пословично мало семе (чија маленѕавост се користи како алегорија и на други места, во Матеј 17:20 и Лука 17 : 6). Според рабински извори, Евреите не го одгледувале ова растение во бавчите, што е во согласност со описот на Матеј за раст во поле. Лука, напротив, вели дека синапот расте во бавча, што се објаснува со прилагодување на параболата за слушатели надвор од Палестина.
Во стварноста, стеблото на синап тешко може да послужи како гнездо за птици, па се верува дека Исус намерно го пренагласил ова во својата аналогија.
Во оваа парабола има и „субверзивен“ елемент, кој се гледа во брзиот раст на растението синап, што го прави „малиген плевел“ со „опасни својства за ширење“. Плиниј Постариот во 1 век од нашата ера пишува дека синапот е исклучително добар за здравјето и забележува:
Царството Небесно е исто така сеприсутно, како и плевелот, што може да биде уште еден пример за Исусовата употреба на сатира.Ben Witherington, The Gospel of Mark: A socio-rhetorical commentary, Eerdmans.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Исусови параболи