Ловџиски појадок ― голема слика со масло на платно завршено во 1858 година од францускиот реалистички сликар Гистав Курбе, кое сега се наоѓа во збирката на Валраф-Рихарцовиот музеј во Келн, Германија. Била насликана во Германија за време на долгиот престој на уметникот во Франкфурт и веројатно никогаш не ја напуштил земјата.
Сликата прикажува оброк на отворено од страна на дружина која лови елени и е ран пример за жанрот реализам чиј пионер бил Курбе. Реализмот барал таквите вистински настани, кои се разликуваат од високо структурираните замислени митолошки или религиозни композиции, да бидат верно снимени, како што било во овој случај.
Седум години подоцна, Клод Моне ќе го наслика своето ремек-дело Појадок на трева, во кое се појавува самиот Курбе, во уште поголем обем.
Поврзано
100 великански слики
Наводи
Категорија:Слики од Гистав Курбе Категорија:Слики со храна и пијалаци Категорија:Кучиња во уметноста Категорија:Слики од 1858 година