мини| Сателитски снимки на Ракан во 2007 година. мини| Еден од најраните прикази на Ракан на карта од 1829 година од Џејмс Силк Бакингем . Ракан или Рас Ракан () ― најсеверната точка на полуостровот Катар, која се наоѓа во Општина Шамал. Таа е северозападната точка на островчето наречено Џазират Рас Ракан, но бидејќи каналот помеѓу ова островче и копното не е проодно за чамци, Џазират Рас Ракан може да се смета дека ја образува северната крајност на гребенот. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
Местоположба Островчето е на речиси 2,5 км од брегот и до него може да се стигне со одење низ ниска вода. Најсеверниот град на Катар, Руајс, се наоѓа на 2,5 км југоисточно од островчето. Ако му се пријде од северен правец, Руајс станува видлив пред да биде забележан Ракан. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.
Опис Џазират Рас Ракан е многу ниско островче во облик на Т, со прамени трева на него. На јужната страна има неколку мали мангрови живеалишта. Должината е 3 км од исток кон запад и е исклучително тесна. Главата во облик на Т, на нејзиниот западен крај, е долга 1,6 км.
Хидрологија Во едно истражување од 2010 година, за крајбрежните води на Ракан, спроведено од Катарската статистичка служба, било откриено дека неговата просечна длабочина е 3.5 м и неговата просечна pH вредност била 7,74. Понатаму, водите имале соленост од 48,18 psu, просечна температура од 19,61°C и 4,86 mg/L растворен кислород.
Наводи
Категорија:Географија на Катар Категорија:Острови во Катар Категорија:Шамал (општина)