M94 (група M94 или група Ловечки Кучиња I) — расеана издолжена галактичка група на далечина од 13 милиони светлосни години во соѕвездијата Ловечки Кучиња и Береникина Коса. Ова е една од многуте групи во суперјатото Девица (т.е. Месното Суперјато) и една од најблиските до Месната Група.
Иако галаксиите во ова јато делуваат како да образуваат една голема облачна структура, многу од нив имаат слаба гравитациска поврзаност, а некои немаат ни стабилни орбити околу средиштето на групата. Највеќето галаксии во групата се движат со ширењето на вселената.
Членови
Во долуприкажаната табела се наведени галаксиите заведени како членови во Каталогот на блиски галаксии, каталогот „Лионска група на галаксии“ (LGG) и трите списоци на групи составени од примерокот „Блиски оптички галаксии“ на Џуричин и др.
+Членови на групата M94 Име Тип Рек. (J2000) Дек. (J2000) Црвенопомест. (км/с) Привиднавеличина IC 3687 IAB(s)m 354 ± 1 13,7 IC 4182 SA(s)m 321 ± 1 13,0 M94 (R)SA(r)ab 308 ± 1 9,0 NGC 4144 SAB(s)cd 265 ± 1 12,1 NGC 4190 Im pec 228 ± 1 13,4 NGC 4214 IAB(s)m 291 ± 3 10,2 NGC 4244 SA(s)cd 244 10,9 NGC 4395 SA(s)m 319 ± 1 10,6 NGC 4449 IBm 207 ± 4 10,0 UGC 6817 Im 242 ± 1 13,4 UGC 7559 IBm 218 ± 5 14,2 UGC 7577 Im 195 12,8 UGC 7698 Im 331 ± 1 13,0 UGC 8320 IBm 192 ± 1 12,7
Покрај ова, NGC 4105 и DDO 169 често (иако недоследно) се сметаат за членови на групата во гореприкажаните наводи.
Најсјајниот член на групата M94 е неизвесен бидејќи ова делумно зависи од анализата со која се определува членството. Каталогот LGG вели дека во групата припаѓа M106, што би го направил најсјаен член. Меѓутоа, другите гореспоменати каталози не го признаваат тоа, и тогаш најсјана галаксија во групата би била M94.
Поврзано M96 (галактичка група) Вајар (галактичка група) Ловечки Кучиња II (галактичка група) (група CVn II)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Галактички јата Категорија:Девица (суперјато) Категорија:Ловечки Кучиња (соѕвездие) Категорија:Береникина Коса (соѕвездие)