Сванте Пебо (); (, ) — шведски генетичар со естонско потекло. Тој е еден од основачите на палеогенетиката и е најпознат по неговото проучување на геномот на неандерталците. Тој е директор на Одделот за генетика на Институтот за еволутивна антропологија Макс Планк во Лајпциг од 1997 година и е почесен научен соработник наПриродонаучниот музеј во Лондон. Тој е и професор на Институтот за наука и технологија во Окинава.

Во 2022 година ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговите откритија во врска со геномите на изумрените хоминини и човечката еволуција. Нобеловиот комитет тогаш објавил дека Пебо постигнал нешто навидум невозможно кога го секвенционирал првиот неандерталски геном и открил дека хомо сапиенсот се вкрстил со неандерталците.

Животопис Роден е во Стокхолм од мајка хемичарка, Карин Пебо, и татко биохемичар, Суне Бергстром, кој ја добил Нобеловата награда во 1982 година.

Докторирал на Универзитетот во Упсала истражувајќи како белковината Е19 на аденовирусот го модулира имунолошкиот систем.

Пебо се смета за еден од основачите на палеогенетиката, дисциплина која користи генетски методи за проучување на луѓето и другите древни популации. Во 1997 година, Пебо и неговите колеги успешно ја секвенционирале неандерталската митохондријална ДНК.

Наводи

Надворешни врски

Svante Pääbo at the Max Planck Society Human Evolutionary Genomics Unit (Svante Pääbo). Okinawa Institute of Science and Technology Graduate University

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физиологија или медицина Категорија:Шведски нобеловци Категорија:Шведски биолози Категорија:Живи луѓе Категорија:Членови на Кралската шведска академија на науките Категорија:Членови на Француската академија на науките Категорија:Носители на прускиот Орден за заслуги (граѓански)