Канаринската детелина (науч: Lotus hirsutus, исто така познат по синонимот Dorycnium hirsutum) — повеќегодишен тревест вид на Lotus од фамилијата бобови опишан од Карл Линеј.

Опис Растението е повеќегодишно тревесто растение или мала полугрмушка, високо 20–50 см. Стеблото во основата е задрвенето, исправено и покриено со густи раширени влакна. Листовите се без дршка или со многу краток рахис. Ливчињата се долгнавесто-обратнојајцевидни, долги 9–18 мм и широки 4–9 мм, од двете страни густо влакнести, со кусо заострен врв и цел раб.

Соцветијата се составени од 5–10 цветови. Дршката на соцветието е долга 5–10 мм и покриена со густи раширени влакна. Цветовите се долги 12–15 мм и имаат цветни дршки долги 1–2 мм.

Чашката е густо влакнеста, долга 8–10 мм. Запците се нееднакво шиловидни, копјести или линејно-копјести; трите долни запци се малку подолги од двата горни, а трубестиот дел на чашката е речиси еднаков по должина со запците или е малку покус. Венчето е долго 12–15 мм, голо, бело или бледорозово. Барјачето е долго 12–15 мм и е подолго од крилцата и лаѓичката. Крилцата се долги 11–13 мм, а лаѓичката 9–10 мм, со темновиолетов врв. Плодот е долгнавесто-јајцевидна, гола мешунка, долга 6–8 мм, која најчесто содржи шест семиња.

Рапрстранетост низ светот Ова растение потекнува од средоземниот басен, од Португалија до Турција и од југ до северна Африка.

Распространетост во Македонија Канаринската детелина расте по врдски пасишта, тревести места, на отворени места, места до дабови шуми и други слични станишта до надморска височина од 1500 метри. Се среќава во селото Кучково, клисурата на реката Треска - Матка, селото Кондово, Жеденската Клисура - Коловозиште, селото Радуша во Скопје, Дабничката Планина во Прилеп, Полошкиот манастир во Кавадарци, Валандово и Богданци кај Паљурци.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Македонија Категорија:Лотоси