Тосканскиот архипелаг е ланец од острови меѓу Лигурско и Тиренско Море, западно од италијанскиот град Тоскана. Поради близината на овие острови до неколку големи градови тие се омилено туристичко место.
Според легендите архипелагот настанал од ѓерданот кој Венера, римската божица на убавината и сензуалноста, го изгубила додека излегувала од Тиренско Море. Седумте острови ги претставувват седумте бисери кои божицата не можела да ги земе.
Географија Тосканскиот архипелаг се наоѓа помеѓу Корзика и тосканскиот брег и во негов склоп влегуваат седум големи острови (Капраја, Елба, Џанутри, Џиљо, Горгона, Монтекристо и Пијаноса); сите острови се под заштита како дел од Националниот парк Тоскански Архипелаг. Вкупната должина на архипелагот од најсеверниот остров (Горгона) до најјужниот (Џанутри) изнесува 166 км, а неговата ширина од најзападниот остров (Капраја) до тосканскиот брег е 56 км.
Поголеми острови (од север кон југ): Остров Површинаво км2 Број на жители (1 јануари 2016) Istat Retrieved 29 March 2017 Растојание одконтинентална Италија Горгона 2.23 220 34,4 км Капраја 19.30 415 52,2 км Елба 223,5 32.290 9,3 км Пијаноза 10.25 10 49,1 км Џиљо 21.21 1.442 14,35 км Монтекристо 10.39 2 63 км Џанутри 2.60 10 11,7 км Други 3.34 0 Вкупно: 292,82 34.389
Галерија
Поврзано
Тоскана
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на Националниот парк Тоскански Архипелаг
Категорија:Тиренско Море Категорија:Лигурско Море Категорија:Архипелази во Средоземното Море Категорија:Архипелази во Италија