Никола Бакулевски (, - , ) — политичар од Социјалистичка Република Македонија, претседател на Народниот одбор на градската општина Битола од 1962 до 1967 година.
Животопис Роден е на 27 ноември 1928 година во Битола. Основното образование го завршил во родниот град, а потоа гимназија во Скопје. Потоа студирал на Вишата управна школа во Земун, а образованието го завршил на Правниот факултет во Белград. Работи во Републичкиот секретаријат за внатрешни работи како помошник правен советник. Подоцна бил судија во Републичкиот совет за прекршоци. Во периодот 1956-1960 година бил потпретседател на Народниот одбор на општина Битола, заменик министер за индустрија во Скопје и советник во царинската управа на СФРЈ во Белград (1961-1963). Извесен период бил и претседавач на собранието на општина Битола. Во периодот од 1967 до 1972 година бил секретар на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Од 1972 до 1975 година бил секретар на Собранието. Во периодот 1982-1986 година бил републички секретар за правда. Член е на Извршниот совет на СРМ. Од 1986 до 1988 година бил секретар во Уставниот суд на Македонија.
Наводи
Категорија:Градоначалници на Општина Битола Категорија:Родени на 27 ноември Категорија:Политичари од Битола